Моментално празен: 0ден

Јогата навлегува длабоко во нашите животи, особено сега кога темпото на живот е брзо и се соочуваме со многу стресови во секојдневието. Сепак, многумина се жалат дека не можат редовно да посетуваат часови јога, поради недостаток на време и многу обврски. Е токму поради тоа, постојат јога ретрити. Зборот ретрит доаѓа од англиските збор „retreat“ што во превод значи „тивко или повлечено место каде што може да доживеете внатрешен мир и опуштање“ и тоа токму што тоа што се случува таму.
За оние кои што се двоумат дали треба да посетат или не, во продолжение подолу ви ги пишувам причините зошто е добро барем еднаш во животот да посетите јога ретрит со нас.
Но, ако немате време да читате, кликнете на ЛИНКОВ и погледнете ги сликите и искуствата од нашите предходни 17 јога ретрити, можеби тие ќе ве убедат повеќе.
Како и да е, имате можност на крајот на МАЈ 2024 да дојдете на ЈОГА ретрит, да го активирате вашето внатрешно детенце, кој за прв пат ќе се одржи во Ќерет (Qerret, Kavaja, Albania). Местото е блиску (само 350 км од Скопје), проверено, одлично и целосно одговара за нашите потреби! Прочитајте ТУКА повеќе за престојниот ретрит
Healthy Yoga Retreat 23-26 Мај 2024: 3 ноќевања со доручек и вечера и целосна ЈОГА програма во хотел Мерар, (со лежалки на плажа и пешкири за плажа)
🔥Early booking понудата важи со уплата од 50 % до 31 Март за повластена цена од 190 ЕВРА 🔥Вкупната цена на јога одморот е 270 ЕВРА !🔥
🚩Ако сте заинтересирани пишете до 31 Март 2024 и заштедете 80 ЕВРА🚩 Попустот важи и за фамилии.
Девет причини зошто е добро да ни се придружите на јога активниот одмор во Ќерет, Албанија
Поврзување со природата
Јога ретритот обично се одржува во природа. Знаете зошто? Бидејќи животната енергија или „праната“ најмногу ја има во природа. Во Ќерет има долги песочни плажи (по плажата можете да стасате до Драч кој е на 25 километри одалечен од ова место), голем парк со стари борови шуми а морето е само на 10 метра од хотелот Мерар https://merarhotel.com/ каде што ќе бидеме сместени. На моите јога ретрити се практикуваат техники на дишење, со што дополнително се балансирате и полните со енергија. Динамичниот живот во кој живееме денес, за жал, негативно влијае врз нашата природна витална енергија, а со тоа и врз нашето здравје и долговечноста.
Дигитален детокс
Со доаѓањето на овој јога ретрит за вас е одлична можност да направите повлекување од дигиталната зависност (мобилен, компјутер, таблет). Иако во Албанија можете неограничено да користите мобилен телефон и интернет на сите оператори (исто како да сте во Македонија), сепак ако сакате може да направите дигитален детокс и целосно да се исклучите од технологијата и да се вклучите во животот треба да се органичите во користењето на уредите. Така со сигурност ќе поминете квалитетно време со себе и со луѓето околу вас.
Анализа на квалитетот на својот живот
На јога ретритот ќе работиме јога вежби наутро и навечер, ќе работиме и медитации, долги прошетки покрај брегот, прошетки во Драч, и ќе имаме тимски вежби со кој ќе го разбудиме вашето внатрешно детенце. Преку активностите вие ќе може да направите интроспекција на својот живот и на односите со другите луѓе. Секогаш е многу полесно на едно вакво место, со сите овие услови, да донесете одлука за себе или за својот живот, како и за патот по кој сакате да продолжите да чекорите. Вашиот ум и вашите емоции преку редовното вежбање јога и практикување на другите вежби од програмата, ќе бидат во баланс па со тоа ќе може да си донесете одлуки ќе бидат длабоки и значајни за вас.
Запознавање со основите на јогата
На Хелти јога ретритите доаѓаат луѓе кои практикувале но и НЕ практикувале јога во својот живот. Вежбите кои ги вежбаме се лесни и почетнички прилагодени на возраста, групата и местото каде што вежбаме (дали е плажа, трева или во затворен простор) и најважно од сé е што секој си го следни своето темпо. Или ако два пати вежбање јога на ден ви е многу, може и да прескокнете некоја сесија. Јас нема да ве прогонувам. Сите сме возрасни и ваша одговорност е како ќе пристапите на овој јога ретрит. Но имајте на ум дека вие најмногу добивате ако учествувате во програмата и активностите.
Смирување на умот
Умот е како машина која непрестајно врти. Кога машината работи премногу, таа се презагрева. Истото важи и за вашиот ум. Премногу мисли прават да умот се прегрее кое во крајна линија доведува до анкциозност, вознемиреност, несоница, константен умор, агресија, депресија или било што друго. Медитацијата е редовна практика и е дел од програмата на Хелти јога ретритите. Таа ги смирува мислите и ја урамнотежува левата и десната хемисфера на мозокот. Медитациите ги работиме по јога вежбите и во зависно од времето кое го имаме на располагање траат од 10 до 20 минути. Знаете, ако имате контрола над мисловниот процес во вашиот ум, лесно може да добиете одговор на било кое прашање или проблем кое ве мачи. Медитацијата ви помага да ги искористите сите ваши мисли и да ги канализирате за да добиете подобар фокус во животот.
Физичко, ментално и емоционално здравје
Јога ретритот е совршено место за лекување на вашите физички, ментални и емоционални болки. Јога вежбите кои таму ги практикуваме се повеќе од добри за подобрување на целокупната ваша состојба и здравје. Препуштајќи се себеси на вежбањето и на природата, многу лесно може да го пронајдете коренот или причината на вашите проблеми. Јогата може да ви помогне да ги намалите симптомите на депресија или стрес и да влијае врз зголемување на вашата самодоверба и верба во светот околу вас.
Соочување со стравовите
Повеќето од нас носат во себе различни стравови. Тие можат да бидат поврзани за работата, парите, партнерите, смртта итн. и јога ретритот е совршено место за соочување со вашите стравови. Преку редовно учество во програмата и часовите постигнувате внатрешен баланс и мир, увид во внатрешните содржини, контакт со потсвеста, и се поврзувате со вашето духовно јас со чија помош можете да се соочите со сите ваши стравови. Во текот на јога ретритот ако чувствате потреба секогаш може да разговарате со водителот и ги споделите своите стравови и грижи.
Здравата исхрана
Јогата се поврзува со сатвичка или вегетаријанска/веганска храна, што е одличен детоксификатор за вашето тело. Храната ги намалува негативните јони во вашето тело и го отстранува секој несакан елемент. Храната помага во лекувањето на разни здравствени заболувања. Нашето здравје е во голема мера поврзано со храната што се консумира. На јога ретритите се јаде најчесто вегитаријанска храна со изобилство на зеленчук и овошје со цел целосна детоксификација на вашето тело. А во здраво тело, може да лежи само здрав дух. Храната во хотелот Мeрар ќе биде прилагодена за секакви вкусови и посекако ќе изобилува со зеленчук, овошје, риба и месо. Она што е прекрасно е што ресторанот се наоѓа речиси на плажа, опкружен е со прекрасна градина и е на отворено и има одлична услуга.
Нова перспектива на животот
Искуството од сите до сега организирани јога ретрити е дека луѓето кои ги посетиле добиваат една поинаква перспектива во својот живот. Со самиот факт дека сте излезени од зоната на конфор, комуницирате и се запознавате со луѓе кои не ги познавате (а имате слични или исти гледишта), што споделувате и делите со нив, вашиот живот се збогатува. На Хелти јога ретритот секогаш се потсеќате на позитивните аспекти на својот живот, на својата вредност и љубов кон себе, запознавате нови луѓе кои ви стануваат вистински пријатели и по завршување на јога ретритот.
Ова се само девет причини, а има уште повеќе кои ќе ги откриете сами. Затоа ви препорачувам да не се двоумите туку да се приклучите на овој јога ретрит.
Ретритот по 18 (осумнаести) пат ќе го води Билјана Пешева – професионален обучувач за возрасни, тренер за сеофатна лична благосостојба (Wellness coach) и Јога инструктор во Healthy Yoga
Пријавете се со време и фатате ja Early Booking цената за овој ретрит којa важи до 31 Mart 2024.
Пријавете се до 31 Март 2024 и заштедете 80 ЕВРА🔥
Healthy Yoga Retreat 23-26 Мај 2024:3 ноќевања со доручек и вечера и целосна ЈОГА програма во хотел Мерар, (со лежалки на плажа и пешкири за плажа)
🔥Early booking понудата важи со уплата од 50 % до 31 Март за повластена цена од 190 ЕВРА 🔥
🔥Вкупната цена на јога одморот е 270 ЕВРА !
🚩Ако сте заинтересирани пише до 31 Март 2024 и заштедете 80 ЕВРА !!!🚩 Попустот важи и за фамилии.