Моментално празен: 0ден

Планирајте ги слободните денови на крајот на МАЈ 2024 со време и дојдете со нас на 18 (осумнаесетиот) Хелти ЈОГА ретрит овој пат на едно посебно и уникатно место.
Healthy Yoga Retreat
✓ 4 дневен ретрит (3 ноќевања со вклучено доручек и вечера)
✓ Утрински и вечерни јога вежби за физичко и ментално здравје
✓ EFT (Emotional Freedom Technique) – Техника за емоционално ослободување
✓ Тимски активности
✓ Разбирање на тајните на умот
✓ Инстроспекција
✓ Медитација
✓ Техники за дишење
ДАТА
Продолжен викенд во Мај. Термин 23.05.2024 до 26.05.2024 (3 ноќи / полу- пансион). Early Booking цена до 6 Maj изнесува 240 евра
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ
Хотел Мерар (https://merarhotel.com/), кој е дел од приморското рибарско-туристичко село Ќерет (анг. Qerret).
Ќерет се наоѓа на идеална локација на Јадранскиот брег, на 3 до 5 км од Каваја, на 25 километри од Драч , и на само 50 километри од Тирана.
Туристичкиот дел од Ќерет е дел од административната единица Голем, една од најпосакуваните и најпосетените туристички дестинации од земјата и странство.
Хотелот Мерар е лоциран на море има приватна плажа со лежалки, чадори и пекири за плажа – кои што се обезбедени за гостите на хотелот.
Сместувањето е во двокреветни и трокреветни соби.
Early Booking попуст важи до 6 Мај и изнесува 240 евра. Истиот попуст важи и за фамилии.
ЦЕНА НА АРАЖМАН изнесува 270 евра
Поглед на шеталиштето во Ќерет – види слика
Како се стигнува?
До Ќерет се стигнува со автомобил преку преку Косово, Фуш Круја и Драч од една страна. Се вози по конфорен автопат 350 км и се стига за 4,5 часа. Од друга страна може да се стигне и преку Струга, Елбасан, Рогожине но иако овој пат е покус за 40 километри, тој е понеповолен за возење, посебно на македонската страна ако се оди од Скопје.
Погодности за активности
Долгите километарски песочни плажи на Јадранското море се идеални за рекреативно трчање, пешачење и вежбање јога, а бројните кафебарови и ресторанчиња долж брегот се погодни за релаксација и далечински видици во морето. Плиткиот песочен морски брег овозможува капење од крајот на Април па се’ до крајот на Ноември секоја година.
По плажа може да се стигне до Драч – 20 км прошетка во еден правец.
Во составот на селото има прилично голема марина со рибарски чамци и бротчиња. Таму може да се набави свежа риба пресно уловена во утринските часови и може да се набави по поволни цени.
ЦЕНА НА АРАЖМАН
Цената на аражманот е 270 евра
Early booking цена до 6 Мај е 240 евра
Во цената е вклучено:
- 3 ноќевања, (сместувањето е во двокреветни и/или трокреветни соби)
- храна на база шветска маса-полупансион (појадок и вечера), учество на јога програма и семинар
Превозот не е вклучен во цената. Постои можност да ве вклучиме во некоја од колите во кои се уште има место. Јавете се да проверите!
Откажувања: Нема да се наплати за откажување направено 30 дена пред пристигнување; По овој период – 100% наплата; No show – 100 % наплата
Прочитајте повеќе за јога ретритот и програмата и зошто е добро да дојдете во Ќерет и на Хелти Јога на ретрит со нас овој Мај
Ретритот по 18 (осумнаести) пат ќе го води Билјана Пешева – професионален обучувач за возрасни, тренер за сеофатна лична благосостојба (Wellness coach) и Јога инструктор во Healthy YOGA
Повеке информации на вибер 070234740, маил healthyyogaskopje@gmail.com
Погледнете го видеото од плажите во Ќерет
https://www.youtube.com/watch?v=uYx5MqiWxnM