Работилница за ЕФТ-Тапкање
ЕФТ (Emotional Freedom Technique) е светска позната техника, позната уште како “Тапкање”, која почна да се шири низ светот некаде во осумдесетите години од дваесетиот век благодарејќи на Гари Кранг, нејзиниот творец, инжињер по струка и вљубеник во здравиот начин на живеење.
Поради својата едноставност, ЕФТ уште по широко е позната и како техника на самопомош и најмногу се користи на едукативните, советодавни и кочуинг сесии.
Оваа техника се заснова на контактот со сопствениот телесен енергетски систем кој е специфичен и различен за секоја една личност. Преку многу едноставна процедура оваа нерамнотежа се корегира и се постигнува трајно или делумно ослободување од наталожените негативни емоции во вашето физичко тело.
Основата на оваа техника лежи во алтернативната медицина и тоа во оној дел од неа кој ги поврзува Умот и Телото. Оваа техника го комбинира телесниот контакт кој го има во акупунктурата и сознанијата кои постојат во конвенционалната психотерапија. Но во овој процес не се користат игли туку се тапка со врвовите на прстите на точно одредена акупунктурна точка, додека ментално се фокусирате на некоја специфична случка од минатото.
За енергетскиот систем во нашето тело се знаело уште пред 5000 години п.н.е. и врз тоа сознание се заснова целата кинеска и источна медицина.
Животната енергија на исток позната уште како “чи” или “прана” тече низ нашето енергетско тело по невидливи канали или меридијани. На овие меридијани се наоѓаат 300 точки кои се користат во акупунктурата , кои пак водат до некој внатрешен орган (бубрег, срце…) а со тоа и до одредена емоцијата (тага, страв. ..). Преку оваа техника се тапка на овие точки и се постигнува ослободување од блокираната енергија.
Важно е да напоменеме дека ЕФТ секогаш се насочува кон негативните чувства за да може истите да се неутрализираат, бидејќи токму тие создаваат енергетска нерамотежа која пак покасно може да донесе болести (телесни, психосоматски..). Повеќето луѓе имаат тенденција да ги стават старите и болни сеќавања “под тепих ” но оваа техника помага да откако за кратко време ќе се фокусирате на негативните сеќавања или чувства, истите да се неутрализираат и да се врати природниот енергетски телесен баланс.
Треба да знаете дека ЕФТ не е магичен лек, преку кој ќе ви се решат сите ваши проблеми. ЕФТ може да биде добар почеток за тоа како да дојдете во контакт со себе и својот енергетски систем, без да зборувате или работите со психотерапевт или лекар. Имајте на ум дека ако подолго време сте биле изложени на некоја траума или имате медицинско дијагностицирна болест задолжително треба да побарате стручна помош.
Дата на одржување 26 Февруари (сабота) Време 20.00 час, ОНЛАЈН