Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО “МЕНТАЛЕН И ЕМОТИВЕН ДЕТОКС” – 6 неделен курс

  • 28 Јул, 2022
  • Com 0

“Ментално и емотивно ослободување” e шест неделен онлајн курс кој ќе се одвива во живо, секоја недела вечер, наменет за длабоко  внатрешно ослободување од мислите и емоциите кои ве спречуваат да го живеете својот живот целосно и автентично

Курсот започнува на 6 Февруари а за оние кои сакаат на време да го резервираат своето место следуваат дополнителни бонуси

Која е целта на овој курс ?

Целта на овој курс е да  се ослободите од емотивните и ментални блокади  кои ве спречуваат да направите промени во својот живот,  да се развивате, да креирате слободна и автентична релација со себе и со луѓето околу  себе.

Преку овој курс Вие ќе научите како да се потпрете на себе на својата интуиција и мудрост и ќе се почувствувате како целосно интегрирано битие (ментално, емоционално и физички).
На овој курс ќе го користам методот на психологот Филис Кристал преку кој целосно ќе постигнете ослободувањето од старите врски и модели на однесување, кои ги имате усвоено во вашиот живот преку вашите животно стресни искуства, негативни и несвесни програмирања од родителите, браќата, сестрите и/или други негативни врзувања за други значајни личности од вашиот живот.

Кои се потенцијални придобивки од оваа техника?

Се ослободувате од енергетските врски кои ве ограничуваат да живеете слободно и оставате простор за да добиете или се поврзете со љубовта.
– Се ослободувате до стравувањата (стравот) кои што превладуваат во вашиот живот,  и се намалува грижа на совест и вина.
– Како што се менувате Вие преку техниката, ги менувате и оние околу вас. Вашите реакции  ќе бидат различни на околината, а             со тоа и реалноста ја доживувате различно.
– Вашите релации се подобруваат бидејќи се ослободувате до старите конфликтни модели на однесување.
– Вашите приватни и професионални релации ќе станат непосредни, длабоки и значајни.
– Оваа методологија можете да ја користите доживотно и тоа како алатка за решавање на било кој конфликт или ситуација во                 која што се наоѓате врзани. Техниката може да се користите секојдневно по завршување на курсот
– Редовното практикување на оваа техника овозможува да вашите слоеви на однесување, мислење и чувствување лесно да ги                   увидите откриете и ослободите.
Како функционира методот на психологот Филис Кристал?  Преку водена медитација и сет на симболи кои се користат како алатка во оваа техника, се  доаѓа во контакт со внатрешната мудрост која Филис Кристал ја нарекува Hi C (Higher Consciousness).  Преку креативна визуелизација секој иднивидуално работи на одврзување од имресиите и негативните емоциите создадени во некоја случка и/или настан и/или личност, а кои сте ги добиле во минатото, потоа работите на ослободувањето од чуство на вина и од сите оние негативни емоции кои стојат закопани длабоко во вас и ве ограничуваат во градењето на здрав и автентичен живот со себе, со фамилијата и со други блиски луѓе

Сегашните мисли, емоции и однесувања се поврзани со вашето најрано несвесно учење.  Сите сегашни проблеми се појавуваат поради негативните и несвесни реакции кои се пред сè, условени од несвесните аспекти од нашата личност. Па оттука умот, емоциите и телото се нераскинливо поврзани во еден сложен и жив систем на внатрешна енергија која се одржува и подобрува преку свесна работа на себе.

Креатор на овој метод е психологот Филис Кристал, а курсот во живо го води М-р Билјана Пешева, долгогодишен практикант и водител на техниката, јога инструктор во Healthy Yoga и тренер за возрасни и велнес коуч за Healthy Life Skills.

Филис Кристал (1914-2016). е психотерапевт школата на Јунг и Ериксон и автор на голем број книги и креатор на психолошките техники за ослободување на лажниот идентитет и негативните програмирање кое го градиме во текот на нашиот живот

Во цената влегува

      – 6 двочасовни работилници за личен раст и развој

      – 6 медитации по методот на Филис Кристал

      – Сертификат за завршена програма

      – Индивидуален пристап и коучинг

      – + БОНУС – бесплатно учество на Healthy Yoga  часови еден месец

      – ++ БОНУС – бесплатна е-книга од Филис Кристал

Средбите ќе бидат во недела вечер ОНЛАЈН преку ZOOM на следните дати:

      – #1W  6 Февруари 2022  од 20.00-22.00

      – #1W  13 Февруари 2022  од 20.00-22.00

      – #1W  23 Февруари 2022  од 20.00-22.00

      – #1W  30 Февруари 2022  од 20.00-22.00

      – #1W  6 Март 2022  од 20.00-22.00

      – #1W 13 Март 2022  од 20.00-22.00

Групата е затворена.

Се гледаме на 6 Февруари во живо !

Љубов и светлина

Биби Пешева

 

Тагови:
#awarness#biljanapeseva#Createnewselfimage#cuttingthetiesthatbind#emotional#emotionalfreedom#emotions#energy#hathayoga#healthylifeskills#onlinepersonaldevelopment#personaldevelopment#phyliscrystal#wellnestraining
Споделете на:
Работилница за ЕФТ-Тапкање
Создадовме нова слика во себе, за себе!

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се