Создадовме нова слика во себе, за себе!
Јануари 2022 година го претворив да биде најинтересен месец во годината за мене и за сите учесници на 5 неделникот курс “Создај нова слика за себе.
На средбите кои се одвиваа онлајн, работевме на градење на нова позитивна слика за себе, користејќи техники и методи кои потикнуваат зголемување и промена на свесноста за негативните програми кои ги имаме усвоено во детството. Работевме на тоа како се гледаме себе си, но работевме и на зајакнување на свесноста за нашите извонредни страни и вредности, сѐ со цел да изградиме лична позитивна слика за себе во себе.
И, искрено, тоа го постигнавме!
На крајот на курсот за оние кои можеа да дојдат во живо, имавме индивидуално фотографирање, за да и надворешно ја видиме новата позитивна слика за себе.
На оваа сесија со радост и смеа се сликавме под будното око на Анѓела и Софија во нивното Frozen Time Drops Photography studio
Фотографиите од “back stage” ја отсликуваат енергијата, атмосферата и убавината на настанот од сите учесници кои можеа да дојдат на ова сликање.
Оние кои сакаат да се вклучат во оваа програма “СОЗДАЈ НОВА СЛИКА ЗА СЕБЕ ” нека си запишат во својот календар АПРИЛ 2022 – кога се отвараат вратите за уште еден циклус од оваа успешна програма.
A за оваа програма, некои од учесниците кажаа:
“Ми се допадна начинот на кој е водена оваа програма, отвореноста на групата и што си дозволив длабоко да прокопам во себе” Билјана Т.Голич
“Одлична програма која би ја препорачала на моите блиски бидејќи потребно е да сите се потсетат повтрно и повторно колку вредат и како можат да си ја зголемат самодовербата” Весна Трендафилов
Создај нова слика за себе и засакај се себе си!