Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Дали врзаноста е причина за сите наши страдања ?

  • 01 Авг, 2022
  • Com 0

Во будизмот се вели дека врзаноста е причина за сите наши страдања. Кон врзаноста се гледа како на некоја форма на желба, која е многу силна и фатална преку која луѓето “паѓаат” во животот.  Но, ставот дека  врзаноста е лоша, е многу генерален бидејќи ако имате желба на пример: да се грижите за вашата фамилија – зарем тоа е лошо ? Или на пример, желбата да се засакате себе си и се ослободите од емотивните и ментални тежини, зарем тоа е лошо ? Всушност врзаноста не е проблем, туку нашата неспособност да се одделиме од врзаноста (желбата) е проблем!
Оттука внатрешното чистење или лекување е различно за секој еден од нас, бидејќи е дирекно поврзано со нашите несвесни (и свесни) очекувања, желби или врзаности и токму ова сознание беше клучно за мене кога се одлучив да ги искористам техниките на Филис Кристал во оваа викенд програма која е психолог од школата на Јунг и автор на методот “Одврзување од врските кои не ограничуваат”.
Па така на овој “ВИКЕНД ГЕНЕРАЛКА на УМОТ и ЕМОЦИИТЕ” работевме на одврзување од личните приказни кои сме ги создале преку мислите и емоциите, свесно или несвесно, во текот на својот живот но и на градење на лична само – свест, која не носи кон живот каков што посакуваме да живееме.
Иако како луѓе очекуваме светот да одговори на нашите барања и потреби, во реалноста е важно како ние одговараме на светот и токму тоа не одредува дали ќе живееме и бидеме среќни или не.
Клучот за среќа во личниот живот е: да се посакува нешто, да се стремиме кон тоа, да се врземе, да се поврземе (конектираме) и во вистинското време да научиме да се одврземе од тоа нешто.
Кога сме фрустрирани или несреќни ние посакуваме нешто, се поврзуваме со тоа нешто и не сакаме да го пуштиме. Но сѐ е предмет на промена, па дури и луѓето кои ги сакаме, луѓето кои им веруваме, по одредено време, поради некои лични случувања или настани,  може да не напуштат или да се одалечат кон нас.
Сѐ на овој свет е предмет на промена!  Учејќи за себе на оваа викенд програма, ние научивме да се ослободиме од очекувањата и врзаностите кон своите ставови, мисли и емцоии кои не прават слаби и несигурни.
Затоа успехот на овој интензивен викенд беше голем и задоволството на сите учесници преголемо.
И како што напиша една од учесничките на оваа програма:
Кога го негуваш во себе сонцето не го забележуваш дождот околу тебе !
“Топло е во срцето кога си во друштво на такви луѓе и голем чест е, истите да ти помогнат во осознавање на себе си. Овој викенд ќе остане запаметен засекогаш! Овде научивме работи што нема да ги научиме на ниту еден универзитет на светот. По 100-ти пат  благодарам Билјана Пешева што на брилијантен начин ни помагаш, не водиш да изодиме полесно по патот на нашите души, да си го исчистиме умот, емоциите и телото. А кога блеска од срцето душата на еден човек, тогаш и телото се движи и танцува полесно во ритамот на музиката на животот  и универумот го гледа нашиот сјај  ни дарува прекрасни дворци, места, љубов, храброст и шанси за остварување на нашите животни цели. До следното дружење и  учење  Зорица Исајловска – учесник”

М.р Билјана Пешева
Автор на викенд програмата
Викенд генералка на Умот и емоциите
Мај 2021, С. Долно Соње

Тагови:
#biljanapeseva#cuttingthetiesthatbind#emotionalfreedom#freechallenge#healingconversations#healthylifeskills#mentalhealtawarness#phyliscrystal#wellnestraining
Споделете на:
Потиснати емоции - цена која ја плаќаме цел живот
Викенд генералка за твојот ум и емоции

Последни постови

Thumb
Грижата за себе не е луксуз: Предновогодишен
15 Дек, 2025
Thumb
✨Силата што нè движи: Моја лична ретроспектива
07 Дек, 2025
Thumb
Татковиот благослов – енергијата која нè турка
07 Дек, 2025

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (182)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (62)
  • Курсеви (9)
  • Личен развој (88)
  • Настани (50)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се