Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Wellness Afterwork & Релациските потреби: Науката и магијата на поврзувањето

  • 03 Мар, 2026
  • Com 0

Во последниот период интернетот е преплавен од видеа и фотографии на малото мајмунче Pinch од Јапонија – преслатко суштество кое брзо го освои вниманието на целиот свет.

Но, она што навистина го прави Pinch посебен не е само неговиот изглед, туку начинот на кој се врза за негувателите: постојано бара контакт, допир, нежност и сигурност. Иако изгледа како интернет-атракција, Pinch е потсетник на нешто многу подлабоко дека поврзувањето е клучниот биолошки и психолошки механизам за развој – кај сите живи суштества.
Пинч  не „бара внимание“ – тоа бара конекција. Истото важи и за децата. Истото важи и за возрасните. Потребата за поврзаност не исчезнува со возраста – само ја менува формата. Од детското поврзување до возрасните љубовни релации.  Во детството, врзувањето со родителите создава основа за доверба, сигурност и чувство на вредност. Кај возрасните, овие развојни механизми не исчезнуваат – тие само се изразуваат преку релациски потреби.
Според психологот Ричард Ерскин, релациските потреби претставуваат фундаментални психолошки потреби кои овозможуваат здрав развој, внатрешна стабилност и автентичност. Тие се појавуваат во сите релации: партнерски, професионални, пријателски, па дури и во процесот на личен раст и развој. Но, пред да ги разгледаме релациските потреби, важно е да разбереме уште една силна сила во човековиот развој…
Промената како предизвик: зошто е толку тешко да се расте?
Според Ерскин, процесот на посакувана промена често е непријатен бидејќи: ја напуштаме „својата природна средина“ – старите навики и воспоставените релации -ризикуваме да го изгубиме чувството за континуитет и ја нарушуваме психолошката хомеостаза – или внатрешната рамнотежа, која  пак ги предизвикува нашите “сценариски” верувања и референтни рамки.
Како човечки суштества, ние копнееме по предвидливост. Дури и кога старите навики не ни служат, тие ни се познати – а познатото дава чувство на безбедност.
Од другата страна Ерик Берн – таткото на трансакциска анализа зборува за феноменот Physis во релациите , кој го претставува внатрешниот нагон кај човекот кој го води кон  раст, здравје, автентичност и благосостојба. Фриц Перлс тоа го нарекува „возбуда и раст на човековата личност“, а Света Катерина од Сиена го опишува со силните зборови: „Бидете тоа што Бог го замислил за вас, и ќе го запалите светот.“
Токму помеѓу овие два пола – стравот од промена и Physis – се одвива личниот раст и развој.
Релациските потреби според Ерскин се основа на здрави релации и личен развој
Ерскин ги развива релациските потреби како продолжение на детските развојни потреби  и ги поврзува со универзалните механизми за емоционално здравје.
Тие се:
  1. Потреба за безбедност Да можеме да бидеме тоа што сме – без осуда. Релацијата е сигурна кога нашата ранливост е заштитена, разбрана и почитувана.
  2. Потреба за признавање и афирмирање Да бидеме видени, препознаени и прифатени не поради тоа што правиме – туку поради тоа што сме.
  3. Потреба за стабилна и доверлива друга личност Некој врз кого можеме да се потпреме – ментор, партнер, родител, терапевт.
  4. Потреба за заемно искуство Да бидеме со некој што „знае како е“ и има слично искуство. Оттука и силата на групите за поддршка.
  5. Потреба за себедефинирање Да ја изразиме и зачуваме сопствената уникатност – без страв од казна или осуда.
  6. Потреба да влијаеме Да знаеме дека она што го правиме, чувствуваме или кажуваме има значење и ефект врз другиот.
  7. Потреба другиот да иницира контакт Релациите треба да бидат двонасочни. Кога само едната страна иницира, врската станува болна.
  8. Потреба да се изрази љубов Да покажеме љубов – и таа да биде примена, препознаена и ценета.

Овие потреби постојат кај сите возрасни – без разлика на возраст, професија или животна приказна. Тие не се луксуз, туку предуслов за здрав психолошки развој.

Кога ги задоволуваме овие потреби – растеме. Кога не ги задоволуваме – се затвораме или се бориме.

 

И тука доаѓаме до прашањето: Каде денес возрасните можат да градат здрави релации, да се поврзат и да го поддржат личниот раст?

WELLNESS AFTERWORK –

беше поврзување, одмор и развој во едно

Токму на оваа тема неодамна се реализираше уште едно успешно Wellness Afterwork дружење во „Литература“ во East Gate Mall, каде со огромно задоволство заедно создадовме топла, поддржувачка и инспиративна атмосфера. Настанот го водеа

  • Бојана Петровска – „Мој психолог“

  •  Билјана Пешева – “Хелти Лајф Скилс”

и како специјален гостин на панел дискусијата го имавме

  • Даниел Трбогазов – „Мој тренер“

Разговаравме за релациските потреби, за тоа како се гради личен баланс, за предизвиците на промената и за тоа што значи да бидеме добро – во тело, ум и релации.

Најголемата порака беше токму оваа: Човекот расте во релација. Човекот заздравува во релација. Човекот се менува во релација.

Како Pinch кој ја бара својата сигурност –  така и ние, без разлика на возраста, ја бараме нашата. …

Потребата за поврзаност не исчезнува со возраста.Таа само ја менува формата.

Наместо да бараме рака како дете, бараме:

  • партнер кој ќе нè разбере

  • пријател кој ќе нè слушне

  • ментор кој ќе нè поддржи

  • терапевт кој ќе нè види

Иако сме возрасни, во суштина и понатаму сме суштества кои растат преку релација.

Настанот беше поддржан од нашите долгогодишни пријатели Витамини МК, кои за учесниците подготвија специјални подароци – витамини и спирулина, како дополнителна грижа за нивното здравје и благосостојба. 🌿

 

 

 

 

 

 

Тагови:
#AttachmentTheory#EmotionalWellbeing#HumanConnection#MindfulnessPractice#personalgrowth#PsychologicalDevelopment#RelationalNeeds#RelationshipHealth#selfawareness#WellnessAfterwork#БилјанаПешева#ЕмоционалноЗдравје#личенраст#МенталноЗдравје#партнерскиодноси#поврзување#ПсихолошкиРазвој#РелацискиПотреби#свесност#Терапијаконстелации
Споделете на:
Како наследството од нашите предци влијае на нашиот живот

Последни постови

Thumb
Wellness Afterwork & Релациските потреби: Науката и
03 Мар, 2026
Thumb
Како наследството од нашите предци влијае на
02 Мар, 2026
Thumb
Скулптурирање на односите – кога внатрешниот свет
16 Фев, 2026

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (186)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (64)
  • Курсеви (11)
  • Личен развој (91)
  • Настани (51)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2026 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се