Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Како наследството од нашите предци влијае на нашиот живот

  • 02 Мар, 2026
  • Com 0

Во изминатите години, многу од вас поминаа низ моите работилници: Семејни Констелации со Шамански Пристап и успееа за многу кратко време да ги отворат затворени врати кон своите семејни корени, како и вратите кои водат кон приказните што не ги живееле лично – но сепак ги превзеле.

Често ме прашувате за вечната поврзаност меѓу нас и нашите предци.
Дали навистина сме поврзани?
Дали негативното наследство може да се исчисти?
Можеме ли да продолжиме понатаму, оставајќи зад себе болка која не е наша, но сме ја наследиле од некој од нашиот род?

На моите обуки и работилници секогаш зборувам дека сме создадени од генетиката на нашите предци. На овој свет доаѓаме со  т.н. „рачен багаж“ – во кој има нешто наше од овој живот но нешто сме добиле и од предходниот – како кармата. Сè што преживеале нашите предци е запишано во нас – не само психолошки, туку и на енергетско и генетско ниво.

Ако тие живееле здрав, достоинствен и духовно исполнет живот, тогаш енергтијата на личноста и неговото поле  е силно и чисто – но од нас зависи дали ќе го одржиме такво.
Но ако во нивните животи имало трауми, болести, неправди или недовршени приказни – тогаш есто го чувствуваме тоа како тежина, како повторување на судбини, како нејасна болка што не знаеме од каде доаѓа.

Во Стариот завет стои реченицата:
„Татковците јадеа кисело грозје, а на децата им трнат забите.“

Или децата ги чувствуваат последиците од делата на своите родители.

Со други зборови, ако родителите направиле нешто погрешно или живееле на начин што донел последици, тие последици можат да се појават во животот на следната генерација.

Така да не е потребно повеќе објаснување. Потребна е свесност.
И одговорност – ние тоа да не го пренесеме понатаму.

Важно е да знаете: не можеме самоволно да ја напуштиме семејната систем.  Ниту можеме да бидеме исклучени од него – дури ни по смртта.

Припаѓањето е закон на душата.

Но, дали постојат ритуали за чистење на негативното наследство?

Да, постојат.
Постојат ритуали и длабоки системски процеси преку кои се среќаваат минатото и сегашноста, живите и мртвите, недовршените циклуси и идните генерации. Преку нив се затвораат незавршени приказни, се враќа одговорноста таму каде што припаѓа и се спречува повторување на тешките судбини.

Ако некој од нашите предци страдал, боледувал или направил нешто што создало тежина во системот – нашата задача не е да го осудиме, туку да ја вратиме рамнотежата. Да завршиме со тоа – еднаш засекогаш.

Во древните традиции, под водство на учителите, се создавало поле– често користеле колиба во природа, во близина на вода, како симбол на животот и прочистувањето. Се палел оган кој не смеел да згасне до крајот на обредот. Просторот се прочистувал со темјан, жалфија, молитви и пеења.

Ритуалот започнувал на зајдисонце – симбол на крај на старото. По завршувањето, облеката се симнувала и се горела – како симболично ослободување од старите записи. Следувало ритуално миење во вода и молитва под дрво – отворање на внатрешното око и нова визија за животот.

Дали денес го правиме тоа исто така?
Не буквално.
Но суштината останува иста: создавање безбеден простор, порамнување на енергетските и кармичките низи во семејството, затворање циклуси и свесно продолжување понатаму.

Не можеме да се исчистиме ако го избришеме минатото.
Но можеме да станеме свесни носители на нов квалитет.
Можеме да го трансформираме наследството.
Можеме да оставиме почист траг за нашите деца.

Во сабота, 7 март, во Преофект, ќе се одржи уникатна работилница која навистина носи длабоки промени во вашиот личен и семеен систем.

Почнуваме во 11:00 часот.
Бројот на места е ограничен и потребна е навремена пријава на вибер 070234740.

Ако чувствувате дека е време да завршите нешто старо и да започнете нешто ново – ова можеби е вашиот повик.

Љубов и светлина,
Билјана Пешева ❤️

Таа е автор, тренер, јога инструктор и терапевт во семејни констелации, со над 25 години искуство во личен развој, ментално здравје и холистички практики

 

 

Тагови:
#ancestralhealing#biljanapeseva#energyhealing#familyconstellations#healingjourney#holisticlife#innerhealing#mindbodyspirit#personaldevelopment#selfawareness#spiritualgrowth#БилјанаПешева#внатрешнаработа#духовенразвој#животнарамнотежа#исцелување#корени#личенразвој#предци#род#свест#семејниконстелацииbiljanapesheva
Споделете на:
Скулптурирање на односите – кога внатрешниот свет станува видлив
Wellness Afterwork & Релациските потреби: Науката и магијата на поврзувањето

Последни постови

Thumb
Wellness Afterwork & Релациските потреби: Науката и
03 Мар, 2026
Thumb
Како наследството од нашите предци влијае на
02 Мар, 2026
Thumb
Скулптурирање на односите – кога внатрешниот свет
16 Фев, 2026

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (186)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (64)
  • Курсеви (11)
  • Личен развој (91)
  • Настани (51)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2026 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се