logo

Тркало на судбината и како да се работи со него

Секој период од човечкиот живот има свои задачи кои најдобро се остваруваат во точно определен животен џиклус или период во животот. Целата биологија и социологија на човечката животна енергија подлежи на оваа цикличност. Тркалото на судбината работи со животните циклуси.

Работејќи преку ТРКАЛОТО НА СУДБИНАТА, или ШАМАНСКОТО тркало, вие можете да влезете во речиси секој процес од вашиот  живот и да ги поставите важните прашања кои ве засегаат. Одговорите што доаѓаат ви помагаат да разберете каде може да одите понатаму.

Тркалото е повеќе слојно, на пример, еден од слоевите се и епигенетските обрасци на човековиот развој, време и простор. Поставувањето на проблемот и неговата обработка без разлика која била причината, може да се направи преку Тркалото на судбината, кое е како жива структура која поседува предвидувачка моќ.

Оваа техника предавачот веќе 30 години успешно ја користи за едукација на деца и возрасни.

Семејна консталација преку која ќе се изведува Тркалото на судбината, претставува алтернативен пристап кој помага на луѓето да ја погледнат својата судбина, живот и проблемите од друга перспектива.

Семејните констелации се сметаат за нај ефикасна психотераписка метода за решавање на “судбинските” проблемите, кои се од системска природа на пример: партнерство, љубов, деца, здравје или работа.

Оваа техника првично била развиена од германскиот психотерапевт Берт Хелингер и тоа некаде во деведесетите години од минатиот век. Тој работел скоро 50 години со фамилии, како семеен терапевт и длабоко верувал дека енергија, може да биде и позитивна и негативна и истата може да се пронајде во семејните релации и комуникации, повеќе генрации наназад.

Терапевтскиот и исцелителен пристап на Семејни констелации е дизајниран за ја открие скриената динамика која постои во релациите со луѓето кои сте во опкружување, без разлика дали се тоа членови од вашата фамилија или ваши пријатели, со цел да се решат сите скриени и стресни фактори, кои влијаат на ваата релација со себе и светот околу себе.

Семејните консталации трагаат во корените на проблемот и го решаваат истиот на она ниво на кое настанал. Па, ако се решите да работите некој ваш личен проблем преку Тркалото на Судбината  ова е одлична прилика за тоа.  Доволно е само да сте свесни за проблемот, да знаете на кое поле од својот живот сакате да работите и во која област сакате да напредувате.

Дојдете на овој  уникатен семинар, ако:

Се обидувате да ги решите негативните или штетните однесувања

Имате искусено некаква траума

Сакате да развиете романтична врска

Се обидувате да ги решите семејните конфликти

Сакате да ги надминете внатрешнниот немир

Сте доживеале голема траума или загуба

Барате личен и/или професионален успех

Предвач на семинарот

 Андреј Каримов е психолог и семеен тренер, етнограф-фолклорист, етнолог, практичен психолог, автор на  системите “Система Сибирски Козак” и „Родители и деца“ кои се психо-социјални митолошки модели преку кој се открива епигенетскиот систем на човечките општествени координати.

Андреј Каримов е автор на методологијата „Етномузичка организација на физичко образование на предучилишна возраст“, ​​беше награден со Златен медал на Сибирскиот саем во областа на образовните технологии, медал и комеморативен знак на М.Н. Мелников.

Во 2007 година беше објавена неговата книга „Етно музичка организација на физичко образование на предучилишна возраст“, беа снимени серија едукативни видеа на тема „Татковци и деца“ и започна да води програма за обука за тренери за овој метод.

Покасно во 2009 тој го основа меѓународното училиште за руска боречка уметност „Система Сибирски Козак“, кое до 2022 година се има раширено во Русија, Италија, Франција, Унгарија, Словачка, Србија, Хрватска, Австрија, Шпанија, Македонија, Словенија, Чешка, Финска, Канада, Црна Гора, Велика Британија, САД, Костарика, Јужна Кореја, Австралија, Малезија, Хонг Конг, Кина.

Во периодот меѓу 2003-2017 година е автор, сценарист и режисер на повеќе од 100 едукативни и популарни филмови за боречки вештини, традиционална култура, семејна и развојна психологија.

Филмот „Сибирски испуст“ (за работа со тинејџери) стана лауреат на серускиот филмски фестивал „Средба“ во Обнинск.

Во 2012 година го создава меѓународното училиште Empower the child – „Родители и деца“.

Во февруари 2017 година го одржа првиот меѓународен курс на инструктори „Empower the Child“ во Аленштајк (Австрија). Инструктори беа 25 лица од Австрија, Словачка, Франција, Русија, Хрватска.

Од 2005 година до денес спроведува психолошко-педагошка пракса и семејно советување. Тој е практичен психолог. Семеен тренер. Води меѓународни семејни семинари и курсеви. Психолог-консултант на приватни градинки и училишта. Специјалист за развојна психологија и семејни констелации. Автор на книгата „Педагогија на иницијација“.

Оженет. Има 5 деца.

Оваа техника предавачот веќе 30 години успешно ја користи за едукација на деца и возрасни.

За настанот

Семинарот “ Тркалото на судбината и како да се работи со него” ќе се одржува два дена.

Секој ден е посебен но и поврзан. Па, во зависност од вашиот интрес може да дојдете на едниот или двата дена.

Дата на одржување;  21 Јуни и 22 Јуни , од 17 час до 21 час во Проефект тренинг центар во Скопје.

 

Цената за учество на овој семинар за уплати до 10 Јуни изнесува:  

Дневен билет за кои сакаат да присуствуваат на овој семинар изнесува 1,240 мкд

Дневен билет за оние кои сакаат да работат со оваа метода изнесува 3.100 мкд

Доколку сакате да присуствувате на двата дена цената е 2.170 мкд

Доколку сакате да присуствувате на едниот ден а работите другиот ден цената е   4.030 мкд

ПОПУСТ за студенти (потврда со индекс) дневното учество изнесува 900 мкд

Задолжителна пријава  на следниот линк.

https://forms.gle/HNRuMhAE3ytLABpC9

 

Цената за учество на овој семинар за уплати од 11 Јуни изнесува:  

Дневен билет за кои сакаат да присуствуваат на овој семинар изнесува 1,940 мкд

Дневен билет за оние кои сакаат да работат со оваа метода изнесува 4.200 мкд

Доколку сакате да присуствувате на двата дена цената е 2.870 мкд

Доколку сакате да присуствувате на едниот ден а работите другиот ден цената е   4.730 мкд

ПОПУСТ за студенти (потврда со индекс) дневното учество изнесува 1000 мкд

Задолжителна пријава  на следниот линк.

https://forms.gle/HNRuMhAE3ytLABpC9

 

Уплата на жиро сметка на СУНА ХЕЛТИ ЛАЈФ СКОПЈЕ, Депонент на Комерцијална Банка Жиро 300000000379694 со назанка име презиме

Забелешка: Во зависност од бројот на учесници, можно е местото на одржување на настанот да биде сменето.

Рокот за резервација на вашето место е со уплата најкасно до 10 Јуни 

Контакт:  healthyyogaskopje@gmail.com   viber 070234740

 

 

Layer 1