Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Раскинувајќи го синџирот на несвесни реакции – дво дневна работилница со техниката на Филис Кристал

  • 05 Јун, 2023
  • Com 0

Ние луѓето сме суштества од навика. Ги повторуваме репетитивно мислите, ставовите, врзаностите. Несвесно го правиме тоа. Цела наша судбина се заснова на нашите навики, а нашите навики зависат од нашите стравови.

На таа тема и на уште многу други, на 3 и 4 Јуни 2023 година се одржа за петти пат “Викенд генералката на Умот и емоциите” каде учесниците можеа да работат на зголемување на свесноста за своите стравови, обрасци на мислење, однесување, и тоа преку волшебната техника на Филис Кристал “Одврзување од врските кои ограничуваат”.

Филис Кристал (1914 -2016) е психотерапевт од школата на Јунг и Ериксон, автор на голем број книги и креатор на психолошката техника за емоционално ослободување од лажните врски, идентитети и негативните програмирања кои луѓето ги градат во текот на својот живот.

Нејзината приказна започнува некаде во касните пеесети години од минатиот век кога заедно со нејзината пријателка Вирџинија започнуваат да експериментираат со медитации и кретивни визуелизации со цел да се поврзат со изворот на внатрешната мудрост, кого покасно го нарекуваат Повисоката Свест (Higher Conciseness). Како резултат на оваа техника таа развиваат метод во кој на индивиуалците им дава алатка како да добијат помош и водство од својата повисоката свест.

Своите книги таа ги базирала на психолошките теории на Јунг и Ериксон и нејзините духовни искуства во Индија. Во научниот дел таа поаѓа од теоријата на Карл Густав Јунг кој го дефинирал колективното несвесно, архетиповите и поимот симбол кој се користи на специфичен начин. Таа исто така ги користи и наодите на Милтон Ериксон, кои довеле до нови сознанија од хипнозата и работата со несвесното, опишувајќи го несвесното како дел во нас кој секогаш слуша и прима сугестии, и има своја улога како голем позитивен креативен потенцијал и способност за решавање на проблеми во ситуации, кога свесниот дел на мозокот (умот) е збунет или зафатен со други активности и содржини. Духовниот дел во книгите настанал како резултат на нејзините длабоки духовни искуства, кои таа ги имала на средбите и разговорите со нејзиниот духовен учител Сатја Саи Баба. Таа преку него нашла својата инспирација за пишување на книги и развивање на методот.

Филис-Кристал методата, раскинување на врските се состои од низа на алатки кои помагаат да воспоставиме сопствена рамнотежа, движејќи се на патот кон зрелоста и самореализацијата. Оваа метода се заснова на користење на симболите како оружје со чија помош остваруваме контакт со несвесносто преку визуелизација и медитација.

Оваа техника се состои од низа едноставни вежби преку кои се одврзуваме од оние луѓе кои ни контролираат некој аспект од нашиот живот, но и од стари навики, образци на однесување, чувства и мислења кои врзуваат за минатото и спречуваат да ја употребиме целата наша сила за да создадеме убава и добра иднина за нас и да бидеме тоа што навистина сме. За да ги користиме и научиме овие техники не е потребно претходно знаење туку само желба за промена.

Како што вели самата Филис Кристал во едно од своите книги, оваа метода му помага на личноста да стане целосно независна и самореализирана како човечко битие, кое се потпира на сопствениот внатрешен извор на сигурност и мудрост кој е достапен за секого.

Оваа метода таа ја опишува како константно патување и истражување на себе и своите внатрешни содржини, и истата не е наменета само за психотерапевти, туку и за било кој човек кој сака да внесе промена во својот живот.

Оние кои сакаат да ги развијат сопствените вештини за раскинување на врските по методот на Филис Кристал можат да се приклучат на групните семинари и работилници кои ги организираме повеќе од десет години во земјава.

Навистина е потребно да се ослободиме од не-здравите енергетски врски кои не ограничуваат во нашите секојдневни релации и кои навистина не ни служат на нас, ниту на нашето највисоко добро.

Ослободувајќи се од нив, можеме да градиме нова визија за себе и својата иднина!

Им благодарам на учесниците за ангажманот, активноста и отвореноста во процесот на себе трансформација, но и на дождот што точно избираше време, кога да се појави а кога да се повлече и да го пушти сонцето кое ни ја топлеше душата и срцето.

Прекрасно исуство, медитации, работа на себе, вежби, цртање, готвење, дружење 24 x 7

 

Љубов и светлина

Биби Пешева

Тагови:
#awarness#biljanapeseva#cuttingthetiesthatbind#emotional#emotionalfreedom#emotions#freechallenge#hathayoga#healingconversations#healingyourmind#healingyoursoul#healthylifeskills#healthyliving#healthyyoga#mentalhealtawarness#onlinepersonaldevelopment#personaldevelopment#phyliscrystalbiljanapesheva
Споделете на:
Тркало на судбината и како да се работи со него
Совети за здрав, хармоничен и долговечен живот

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се