Моментално празен: 0ден
Активен одмор
Толку близу до небото, а сепак длабоко закотвени на земјата – Јога во Лазарополе

Продолжениот јога викенд беше незаборавно искуство за сите учесници. Имавме добро време, добра енергија, добри вежби и прекрасна природа околу нас. Ќе ги искористам зборовите кои ги напишаа учесниците на евалуационите листи на крајот на овој ретрит, како објаснување за тоа како ни беше.
“Ми остави впечаток луѓето и целокупната енергија меѓу нив, потоа отвореноста за дружење и новите јога искуства кои ги доживеав”… на продолжениот јога викенд кој се одржа од трети до шести Септември 2020 во Лазарополе, напиша еден учесник во евалуацијата на крајот на овој ретрит.
Другите напишаа:
– Најголем впечаток ми остави јогата во 7.30 наутро, бидејќи обично станувам во 12 час попладне 😊 Медитацијата на последното утро многу ми се допадна.
– Многу ми се допадна вежбањето со стап. Ми се допадна многу раскажувањето на Билјана за патувањата во Индија и би сакала да присуствувам на работилница за подетални информации за Индија.
– Убав микс на вежби, теорија и природа
– Био-синхронизацијата ми остави убав впечаток и прошетките во природа
– Освен прекрасните јога часови и вежби силен впечаток ми оставија прошетките по планината како и погледот од врвовите, прекрасното дружење, запознавањето на нови луѓе и вечерните работилници.
– Секогаш си отворена за нови искуства. Организирај почесто вакви ретрити. Биби со секој ретрирт си сѐ подобра и подобра, а и ние со тебе !
– Силен впечаток ми оставија јогата со стап и јога нидрата.
– Добар микс на јога вежби, природа и интересни идеи
– Ми остави впечаток јога нидра и суфи медитацијата
– Најголем впечаток ми оставија планината и вечерните работилници но и јога сесиите беа добри.
– Јога вежбите беа добри
– Добра организација
– Исполнето време
– Сите техники беа добри
– Добро направена агенда
– Баланс меѓу теорија и практика
– Билјана одлично го владее материјалот и добро ја познава психологијата на луѓето
До наредното вакво дружење држете се до препораките за заштита и вежбајте јога со нас!