Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Wellness & Yoga камп

  • 25 Сеп, 2019
  • Com 0

Традиционалниот Септемвриски Wellness & Yoga камп се реализираше од 15 до 22 Септември 2019 во Никити, Халкидики. Природата, времето,прекрасните плажи и топло море беа во наша корист па деновите ги поминавме вежбајќи јога на изгрејсонце и зајди сонце, во комбинација со медитации, техники за дишење и јога нидра. Навечер се дружевме и имавме работилници за подигање на свесноста за личната благостојба (Wellness) како и грижата за сопственото емоционално, ментално и физичко здравје. Се на се еден успешен камп и прекрасни луѓе кои учествуваа во него.

Ви благодарам на прекрасното дружење и искуство на сите вас!

Во продолжение ви го доставувам извештајот од пополнетите евалуациони прашалници.

Извештај од евалуацијата на учесниците, изработена од Проф. Д-р Нада Секуловска Професор по Маркетинг истражување во пензија од Економнски факултет Скопје

Во период од 15 до 22 Септември 2019, се одржа активен одмор полн со богата соржина на кој присуствуваа 20 учесници, од кои беше побарано на крај од седумдневниот камп да пополнат анонимен прашалник во врска со содржината на програмата , активностите и влијанието врз нив, како и да го оценат инструкторот, од кои 18 лица ги одговорија прашалниците.

Во анализата на прашањата ќе се забележи дека не сите прашања се одговорени, од сите учесници поради што нема конзистентност во бројот на одговори и вкупниот број на учесници. Некои учесници не присуствуваа на јога вежбите или на други активности и затоа не одговориле.

Програмата на овој камп беше составена од утрински и вечерни Јога вежби потоа техники на дишење за активирање на виталната енергија во себе, тим билдинг активности, спортски предизвици за подигање на виталната енергија и работилници за раст и развој за балансирање на емоционалните и ментални блокади.

Прашалникот се состоеше од повеќе прашања кои содржеа и повеќе потпрашања.

Првото прашање беше општо и се однесуваше на пол, возраст образование и времетраење на вежбање на јога.

При тоа 83% беа од женски пол а само 17% беа од машки пол.

Од вкупниот број учесници на семинарот 50% беа на возраст од 51-65 години, 44% беа во групата од 35-50 години по 3% беа лица на возраст од 0-20 и од 21-35 години и 3% беа над 65 години.

Што се однесува до степен на образование, 61% беа со факултетско образование 28% беа со повисоко образование, магистер/доктор и 11% беа со пониско образование.

Што се однесува пак до колку долго вежбаат јога, 5% се изјасниле дека вежбаат од 3-10 години, 11% вежбаат од 0-1 година, 39% од 1-3 години, 11% вежбаат над 10 години и 34% прв пат се сретнуваат со јогата.

Следното прашање беше да ја оценат организацијата на целиот семинар при што беа дадени можни три одговори, слаба, доволна и добра. Сите 18 учесници или 100% одговориле добро. Во продолжение на ова прашање беа наведени собите, храната, услови за вежбање и социјални активности.

За секој елемент беше дадена можност да се заокружи 1 (слабо), 3 (доволно) и 5 (добро)

Како што може да се види јасноста на зборувањето, разбирливоста на инструкциите , знаење и стручност за работа со луѓе и интеракцијата со учесниците, беше оценета со високи оценки.

На крај беше дадена можност да се напише анонимна порака до инструкторот со цел подобрување и тука беше позитивно мислење од повеќето учесници.

Тагови:
#biljanapeseva#healthylifeskills#healthyyoga#mentalhealth#retreat#yogaasana#yogaonbeach#yogaretreat
Споделете на:
Зошто треба да дојдете на активен одмор со нас ?
Толку близу до небото, а сепак длабоко закотвени на земјата – Јога во Лазарополе

Последни постови

Thumb
Wellness Afterwork & Релациските потреби: Науката и
03 Мар, 2026
Thumb
Како наследството од нашите предци влијае на
02 Мар, 2026
Thumb
Скулптурирање на односите – кога внатрешниот свет
16 Фев, 2026

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (186)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (64)
  • Курсеви (11)
  • Личен развој (91)
  • Настани (51)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2026 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се