Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Системски интегриран тренинг за емоционално ослободување по методот на психологот Филис Кристал

  • 02 Авг, 2022
  • Com 0

Два дена интензивна работа на себе по методот на Филис Кристал, во природа, на отворено на тема “Се грижам за моето внатрешно дете”

26 и 27 Август 2020 во с.Долно Соње

Филис Кристал (1914-2016) е психотерапевт школата на Јунг и Ериксон и автор на голем број книги и креатор на психолошките техники за ослободување на лажниот идентитет и негативните програмирање кое ги градиме во текот на нашиот живот.

Цел на овој метод е да добиеме искуство за внатрешните процеси кои несвесно не спречуваат да креираме слободна и автентична релација со луѓето околу нас како и со самите себе. Преку оваа метода ќе научиме како да се потпреме на внатрешниот извор на сигурност и мудрост. Методот е составен од сет од симболи и креативна визуелизација, преку кои се постигнува ослободувањето од старите врски и модели на однесување, кои ги имаме добиено од своите родители, браќа, сестри и/или други значајни личности во нашиот живот.

Темелот на методот на Филис Кристал е воспоставување на врска со повисоката свест (Higher Conciseness). Таа вели дека во нашата потсвест се содржи сето она што ни се случило уште од нашата најрана возраст и на кое не се сеќаваме свесно, но дека со помош на методата секој еден од нас може да дојде до искуството или улогата која што сме ја превзеле несвесно и врз основа на која сме донеле одлука која сеуште влијае врз нашиот живот. Тие несвесни одлуки се нашите внатрешните енергетски врски преку кои сме сеуште врзани со лицата, ситуациите, настаните и кои не спречуваат да водиме автентичен и здрав живо

              26 Август 2020 (среда),  18-21 час   

Тема:  Одврзување од врските со родителите / бившите партнери / стравови со кои живееме

На оваа работилница ќе работиме на одврзување од енергетските врски, кои се поврзани со лицата кои не израснале, или со кои сме живееле, стари трауми или пак искуства кои се длабоко застанати во нашата потсвест и на некој начин не блокираат внатрешно.
Преку систем на водена медитација и симболите кои се користат како алатки во оваа техника, ќе дојдеме во контакт со нашата внатрешна мудрост,  потоа ќе работиме на враќање наназад кон минатото, со цел да се одврземе од некое искуство или личност со која сме сеуште енергетски поврзани, и да се ослободиме од сите негативни емоции кои стојат закопани длабоко во нас и не ограничуваат во градењето на здрав и автентичен живот со себе и другите.

                    27 Август 2020 (четврток) ,  18-21 час

Тема: Поврзување со внатрешното дете, и енергијата на љубовта и  враќање на балансот кон себе

Внатрешната состојба зависи од сетот на емоции кои преовладуваат во вашиот живот и тоа уште од најраното детство а врските пак кои ги имаме изградено со себе или луѓето околу себе, постојат поради тие емоции. Па така негативните емоции како што се лутина, страв, тага може да станат алатка со која може да добиете исцелување и внатрешно ослободување. Лицата кои во детството поминале низ помали или поголеми трауми можат преку воспоставување на здрав контакт и грижа кон себе и своето внатрешно дете, можат да ги исцелат раните и траумите, да се зајакнат и енергизираат. Само со љубов и исцелување на внатрешно дете може да почнете да се сакате себе си, се повеќе и повеќе а потоа, да ги сакате и другите околу вас. Тоа е истиот принцип, како кога се фокусираме на свесноста на сегашниот миг, наспроти фокусирање на минатото (кое е завршено) или иднината (која е неизвесна).

Методот на Филис Кристал му дава на нашето срце т.н “Бај-Пас” за да може тоа енергетски да се балансира, урамнотежи и ослободи од старите болки и трауми. Кога зборуваме за Бај пас на срцето зборуваме за повторно поврзување со енергијата на љубовта која тече во секој еден од нас бидејки сите ние сме родени со способноста да сакаме и да бидеме сакани. Се што треба да направиме е да се одврземе од минатото и болните искуства за да може да дозволиме на енергијата на љубовта непречено да тече низ нас.

Местото на одржување е во целосно урбанизиран дел од с.Долно Соње, лесно пристаплив со кола или автобус (58 ца). Ќе работиме во природа. Понесете си: ваш jога мат (простирка), нешто топло за навечер, нешто за прскање против мушички, и ваше добро расположение.

Учеството за двата дена изнесува  600 мкд. Партиципација за само еден ден изнесува 500 мкд

Уплатата може да ја извршите електронски на жиро сметка на

СУНА Хелти Лајф Скопје 300000000379694

Чувајте се, следите ги препораките и задржете го доброто расположение !

Тагови:
#biljanapeseva#hathayoga#healthylifeskills#healthyliving#healthyyoga#meditation#personaldevelopment#yogalife#yogaonline
Споделете на:
Спремни ли сте за опуштање ?
Јога пикник #ПикникМат #ЈогаМат

Последни постови

Thumb
Клуб „Патот на Душата“: Простор каде се
22 Мај, 2025
Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (167)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се