Моментално празен: 0ден
Jогата прифаќа – Јогата дава!Благодарност на студентите на Brainster и Miki Mitev за новиот изглед на Healthy Yoga & Life Skills логото.Знаете што претставува симболот на новото лого? Знаете што е на санскрит Сат, Чит, Ананда ?
Трите точки кои лебдат го претставуваат физичко, ментално и емотивно здравје. Под нив е главата на човекот (големата точка) од која се зависи, нели?
Потоа комбинацијата на зелени и бели форми на лотос го означува позитивното и негативното во секој еден до нас, телото.
Лотосовите латици ги обвиткуваат нашите раце и нозе за да не зашитат од “нечистотијата“ на овој свет и не исполнат со САТ, ЧИТ, АНАНАДА.
Знаете ли дека целта на човечкиот живот е да доживее Сат-Чит-Ананда (битие, свесност, блаженство). ‘Сат’ значи постење кое не исчезнува, бескрајно постоење. ‘Чит’ значи свесност, знаење на невидливото. А кога човек ги постигнал обете ‘Сат’ и ‘Чит’, природно ќе доживее Блаженство (Ананда).
Ви посакувам да го достигнете своето блаженство во овој живот преку сите техники и алатки кои ќе ги научите на моите часови и семинари.
Ако сакате да започнете веднаш кликнете на овој линк и дознајте повеќе