Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара храброст

  • 12 Мај, 2025
  • Com 0

Сѐ почесто гледаме млади, квалитетни и емотивни луѓе кои се добри, убави, интелигентни – но со години се сами. Некои од нив веќе се во своите 30ти или 40ти години, без квалитетна релација или длабоко поврзување со луѓето околу нив. Некои поминуваат незабележително низ животот, без разлика што имаат своја длабочина, едноставно не содаваат прилика некој да ги запознае или препознае како свој партнер. Денес многу жените и мажи се сами. Како да трендот “виртуелна” врска или врска на далечина е се поприсутен. На пример, партнерите или потенцијалните љубовници постојано се допишуваат и поминуваат со саати пред екранот, но како да не забележуваат дека месеците и годините поминуваат, без да креираат вистинска или длабока релација. Исто така постојат многу врски без (о)обрски , каде како да не може личноста да се позиционира или побара за себе она што навистина и е потребно во релацијата- признаеност, свое место и почитување.

Навистина како да по периодот на пандемијата како да нешто се смени во колективната енергија. Се чини дека никој не е доволно добар за никого. Се живее преку екрани – слики, лајкови, реакции. Сепак, ниеден лајк не може да ја замени топлината на прегратка, допирот, или вистинската возбуда која произлегува од човечка близина и контакт.

„Апстиненцијата е мајка на сите неврози“ и токму тоа денес го чувствуваме околу себе. Изолацијата станува стил на живеење. И пасивноста, колку и да изгледа „безбедна“, е всушност емоционално празна. Она што нас ни треба  во релациите, јас го нарекувам базична агресија. Е сега кога го изговараме зборот агресија одма го поврзувате со нешто “лошо” или не-поволно за нас. Но што e тоа, и зошто е потребно да го развиваме овој “витамин на животот”, ќе може да дознете на  работилницата „Од Себе до Нас“ – која ја содадовме заедно со Бојана Стојменовиќ– психолог, семеен и системски советник

Станува збор за интерактивна работилница наменета да не потсети дека љубовта не започнува со другиот… туку со себе.

Партнерските релации се едни од најсилните огледала. Во нив се огледуваат нашите стравови, обрасци, копнежи, но и нашата моќ.
Како да се поврземе со себе, со партнерот, дали сме јасни и зрели во релацијата е темата на која ќе разговараме и вежбаме оваа среда.

Ова не е само вебинар. Тоа е покана за акција. Покана да се сретнеме со себе, да ги разбереме сопствените обрасци, стравови и желби – и да создадеме простор за автентично поврзување.

Карл Јунг кажал:

„Средбата со другите е важна, но вистинската средба – е средбата со самите себе си.“

Љубовта не е случајна. Таа се гради свесно, чекор по чекор. Љубовта е храброст – да се отвориш, да се покажеш, да пробаш повторно. И не, тоа не е срамота. Напротив – тоа е зрелост.

Ако чувствуваш дека е време да ја промениш приказната – те чекаме на 14 мај во 20:00 часот, онлајн.

Твоето место може да го резервираш тука:

👉 healthylifeskills.mk/product/od-sebe-do-nas 

Љубов и светлина

Биби Пешева 

Споделете на:
Жените и мажите во потрага по себе: Време е за заедничка трансформација
Клуб „Патот на Душата“: Простор каде се будат вистинските капацитети на човекот

Последни постови

Thumb
Клуб „Патот на Душата“: Простор каде се
22 Мај, 2025
Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (167)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се