Моментално празен: 0ден
Блог
Клуб „Патот на Душата“: Простор каде се будат вистинските капацитети на човекот

Синоќа заврши третата работилница на Клубот „Патот на Душата“
Да ви кажам искрено – тоа што се случува таму не може да се опише со зборови. Може само да се доживее и тоа на душа ниво.
Работиме со длабоко исцелителни и психотерапевтски методи, каде секој учесник добива уникатен увид и нова перспектива за темите што ги обработува. Клубот е патување кон себе и своето еволуирање на емотивно и ментално поле.

Без разлика на темата која ја обработуваме, работиме на развивање на основните психолошки капацитети на човекот и тоа:

Способноста да го согледуваме реално сегашниот момент, без да бидеме заробени од старите обрасци или филтри од минатото.

Да можеме слободно и автентично да ги изразиме своите чувства, мисли и однесување, соодветно на моменталната ситуација.

Поврзување со други луѓе на искрен и отворен начион, без “игри” и манипулации

Способноста да се преземе одговорност за сопствените мисли, чувства и однесување, без обвинување на другите. Тоа значи да признаеш дека твојот живот е твоја сопствена приказна, и дека можеш свесно да го менуваш.
Овие капацитети се основа на Трансакциска анализа, (нашата прва љубов и местото каде што се запознавме и јас и Анета Начевска пред повеке од 25 години) и се клучни за внатрешниот раст и благосостојба.
Следната работилница ќе ја одржиме на отворено, во Соње, со уште побогата програма и прекрасна природа околу нас на 5 Јули (сабота)
Пишете ми ако сакате да се вклучите во клубот Патот на Душата
Ќе бидеме активни цело лето 


Љубов и светлина
Биби Пешева
——————————————————————
п.с Клубот го водат:

