Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Жените и мажите во потрага по себе: Време е за заедничка трансформација

  • 05 Мај, 2025
  • Com 0

Во последните години, сè повеќе жени и кај нас – во Македонија – чувствуваат внатрешен повик да им помагаат на другите. Тоа се жени кои избираат хумани професии: психолози, коучеви, јога инструктори, енергетски исцелителки, водители на велнес програми. Жените сè повеќе бараат знаење, присуствуваат на семинари, завршуваат едукации за себеоткривање и се отвораат кон женската енергија и нејзината моќ.

Овој тренд длабоко го чувствувам и го гледам како дел од архетипска промена – будење на Мудрата Жена, на Големата Мајка, на жената која не само што се грижи, туку и знае како да се исцелува. И тоа е прекрасно.

Но сè почесто си го поставувам прашањето:
Што се случува со мажите во овој процес? Дали ако само жената работи на себе, навистина можеме да изградиме здраво општество?

Зошто бројот на мажи на едукативни семинари, ретрити или трансформациски програми и понатаму е толку мал?

Имам впечаток дека многу мажи како да имаат тенденција да се кријат. И да, овде во Македониа, најчесто се кријат во кафани, во моторски клубови, позади пивцето пред кладилница или во екстремни спортови – секогаш во друштво со други мажи. Всушност на несвесно енергетско ниво мажот ја добива потврдата за себе и своето постоење од машкиот род и можеби затоа е тоа така. И не го спорам тоа. Треба да има и машки и женски активности или клубови. Но, ми се чини како да мажите во овие простори несвесно бегаат од било каква можност за себе трансформација и имаат (пак несвесно) тенденција на самоуништување: коцка, алкохол, цигари, нездрава исхрана, емоционално дистанцирање од жената или децата и др.

Овде не осудувам. Знам дека има исклучоци. Ова е само мое размислување.

Во минатото – пред стотина и повеќе години – мажите гинеа за слободата на својата земја. Беа комити, партизани, борци… Тие насвистина го даваа својот животот безрезервно за да ги заштитат своите семејства. Храброста, пожртвуваноста и одговорноста се запишани во машкиот идентитет.

Но таквите војни се оддамна завршени. 
Време е мажите да станат, се подигнат и продолжат со својата борба – но  овој пат внатрешна. Време е храброста да се покаже преку грижа за себе, грижа за семејството, преку емотивна зрелост со цел да се преобразат од момчиња во присутни, стабилни и зрели мажи.

Се сеќавам и на еден транзициски синдром кој се појави кај мажите во Македонија во 90-тите – кога беше време на транзицијата. Многумина беа отпуштени од работа, оставени без јасна улога во новото општество. И се најдоа… пред каучот – со “даљинското” во рака. Празни. Лути. Без моќ. Тие мажи беа нашите татковци, чичковци, браќа – луѓе кои не знаеја како да се справат со губењето на статусот и со срамот. И тогаш жените ја превземаа “главната” улога и почнаа да се борат “машки” со предизвиците. Вероватно исто како што жените во минатото морале да останат сами и преживеат, додека мажите оделе во војни и гинеле.

Мислам дека мажите денес – несвесно – ги имитираат тие модели. Бидејќи однесувањата и улогата на маж, татко, брат …  несвесно се пренесуваат низ генерациите. На енергетски план мажот својата сила, енергија и став, ги добива од својот татко или дедо, односно од некој, од својот машки род..

Но, ние жените, сме различни. Ние ја градиме својата енергија, својата нова верзија преку различни извори: преку комшивки, пријателки, водители на семинари, ментори, други жени кои ни се инспирација и пример и нормално од својата мајка или баба. Жените се трансформираат преку размена и учат од повеќе модели..

А мажите… како да остануваат закотвени во сеќавањата од минатото, сеќавањата за нивната слава, престиж или моќ.

Работам со групи на луѓе повеќе од 15 години. И она што постојано го гледам е дека во просек 80% од присутните се жени. Тој процент почнува полека да се менува во последните години, но слухот за работа на себе сè уште најмногу го имаат жените.

Сепак длабоко верувам дека вештината да растеш, се осознаваш и трансформираш подеднакво е важна како за мажите, така и за жените. Затоа во мојата работа обрнувам внимание и на машката и на женската енергија – подеднакво.  Да се работи како терапевт, како тренер или коуч со луѓе, значи да се прифатат сите – без пол, без поделби или исклучување и правење на ексклузивни настани само за жени или само за мажи.

Затоа моите настани, ретрити, семинари не се исклучиво наменети за жени.

Тие се отворени за секое едно битие кое сака да направи промена, кое има желба да се сретне со себе, кое сака да внесе свест, љубов и развој во својот живот – без разлика на полот.

Верувам дека и мажите имаат потреба од своја форма на поддршка. И не мора да биде иста како кај жените, но мора да им дадеме и на нив простор за искреност, за зрелост, за преиспитување.

Само ако заедно растеме – ќе можеме да создадеме здрави деца, здрави семејства, и здраво општество.

Ова не е женска револуција.

Ова е човечка еволуција.

Љубов и светлина

Билјана Пешева

тренер, јога инструктор, велнес коуч и автор.


Дознајте за нашите идни настани ТУКА 

за авторот: Билјана  е основач на брендот Healthy Life Skills  & Healthy Yoga каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите. 

Тагови:
#biljanapeseva#EmotionalHealingForAll#FeminineWisdom#healthylifeskills#healthyyoga#HolisticLiving#HumanEvolutionNotRevolution#InnerWorkMatters#MasculineFeminineBalance#MenAwakening#PersonalGrowthJourney#TogetherWeGrow#БалансМашкоЖенско#ДлабокоРаботење#ЖенскаМудрост#ЗдравМажЗдраваЖена#ЛичноРастење#МажиВоРазвој#МенталноЗдравје#ПоддршкаЗаСите#СвеснаТрансформацијаbiljanapesheva
Споделете на:
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара храброст

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се