Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Контакт што лекува: приказна од јунскиот јога одмор во Ќерет

  • 04 Јул, 2025
  • Com 0

Знаете ли што е првото нешто кое секое човечко суштество го прави кога доаѓа на свет? Детето го пружа рачето и бара контакт. Нели? Ние сите сме пораснале преку допирот, грижата и топлината на важните фигури во нашиот живот, мајката и најблиските. Сме барале контакт, барајќи да бидеме сакани.

Контактот е првиот јазик на љубовта – и последен што го забораваме.

Иако го носиме од раѓање, живеејќи во овој “модерен” свет како возрасни, со текот на годините, ние се затвораме. Стануваме резервирани, дистанцирани, контролираме, се браниме. Се штитиме со тишина, со хумор, или „зафатеност“. А внатре длабоко во нас – копнееме по контакт: “Само некој да ме слушне! “. “Само некој да ме разбере или допре”.

Е па оваа година, на активниот јога одмор во Ќерет, Албанија, се случи токму тоа: враќање кон себе преку контактот – напрво со себе, потоа со луѓето околу нас, и на крај со природата. . Бевме 40 души, сите со различни животни приказни, но со иста желба – да почувствуваме нешто вистинско, длабоко и значајно за секој еден од нас.

Во тие седум дена вежбајќи јога во комбинација со целата програма- која не беше само јога, допревме многу делови од нашата личност. Некои учесници на пример првпат по многу време си дозволија да плачат. Други – да се смеат од срце. Секој го најде својот ритам. Некој научи да каже „не“. Некој – да побара помош. Некој – да прости.

Една учесничка рече:
„За мене најдобро беше што запознав многу освестени луѓе. Овие денови ќе ме мотивираат да ја визуелизирам нашата Македонија на повисока фреквенција – со љубов и разбирање.“

Друг сподели:
„Најдобри беа забавните работилници – тајниот обожавател, толку смеа и детска радост! Заборавив колку ми недостасува спонтаноста.“

Во текот на одморот имавме среќа да слушнеме и предавање за Фенг Шуи и КИ бројот од Александра Ицевски, техника за исцелување и инспиративен говор од Јулија Мациевска, како и сесија за ЕФТ и тапкање од Cелина Томпкин – нашинка од Австралија. Сите тие навистина ја збогатија програмата и им благодарам до срце што се согласија да учествуваат.

Секако, неминовна беше и прошетката во Драч, каде го истражувавме градот и вкусната локална храна, а вечерта ја заокруживме со заедничка вечера во руралниот ресторан кај Ѕени – комплетно рурално место но со морска храна како никаде на светов..

“„Ако отидеш длабоко во некоја далечна, далечна шума и станеш многу тивок, ќе разбереш дека си поврзан со сè.“ –

Алан Вотс

Контактот не мора секогаш да биде сериозен. Понекогаш токму смеата, шегата, движењето, танцувањето, е тоа што ја отвора вратата кон надвор. Toкму таму, го направивме тоа и вистински се допревме себе си, преку релациите со другите.


📊 Што кажаа учесниците – резултати од евалуација

На крајот од одморот спроведовме анонимен прашалник, кој го пополнија 34 од 40 учесници. Еве дел од резултатите:

  • 85% изјавија дека очекувањата им се исполнети во целост, додека 15% – делумно.

  • За времетраењето, 68% сметаат дека 7 дена се идеални, а 12% посакаа дури и подолго.

  • Балансот меѓу јога и работилници беше оценет како „таман“ од 76% од учесниците.

  • На прашањето „дали би дошле повторно?“, 100% одговорија со ДА.

Најчесто спомнувани активности како омилени беа:

  • Утринската јога

  • ЕФТ техниката

  • Филис Кристал медитацијата

  • Работилницата „таен обожавател“

  • Екскурзијата во Драч

  • Медитациите во тишина

Некои учесници напишаа:

„Најдобар избор после 5 години – првпат на море, првпат во Албанија. Хотелот, плажата, храната – сè беше перфектно. Јас сум презадоволна.“

„Вежбите, медитациите, дружбите прават да си исполнет! Активен одмор со убави активности! Совршено!“

„Контактот со другите – тоа ми беше највредното. Повторно се почувствував дел од нешто.“

Организацијата доби 94% оценка 5, просторот и условите за работа беа оценети како одлични, а инструкторката 🙂 доби исклучително позитивни оценки за јасност, топлина и интеракција со групата.


💛 За крај

Ова не беше само одмор. Ова беше исцелување преку контакт. Враќање кон себе, преку другите. Простор во кој се потсетивме кои сме, каде сме биле и каде одиме.

И како за крај морам да ви соопштам дека одлучив да она што е добитна комбинација а тоа е: море+хотел+услови+храна+активности+луѓе+гостопримство 🙂 да го употребам повторно па, се гледаме на наредниот ЈОГА АКТИВЕН ОДМОР ќе се одржи од 21 до 28 Септември 2025 во Никити, Халкидики, Грција

Кој е заинтересиран за Септемвриски одмор  – нека ми пише 🙂

Погледнете ги сликите од јога одморот Јуни 2025 ТУКА 

И сликите од јога одморот Мај 2024 ТУКА 

и дојдете во Септември со нас,  🙂

    

Погледнете ги сите слики од јога одморот во Ќерет-  Јуни 2025 ТУКА 

Погледнете ги сликите од јога одморот во Ќерет – Мај 2024 ТУКА 

и дојдете во Септември со нас, на исто место – нов концепт  🙂

ЈОГА АКТИВЕН ОДМОР ќе се одржи од 21 до 28 Септември 2025 во Никити Халкидики, Грција 

Љубов и светлина 

Биби Пешева

тренер, јога инструктор, велнес коуч и автор.


 

за авторот: Билјана  е основач на брендот Healthy Life Skills  & Healthy Yoga каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и организациите. Автор е на повеќе програми  “Ментално и емотивно исцелување” “Ослободување од Тага” “Свесно здравје”, “Јануарски спритуални работилници” “Создади нова слика за себе”, “Свижи се со леснотија” и други. Таа е автор на книгата “Водич за ослободување од тага” -Холистички алатки за воспоставување на животна хармонија и до сега има органзирано 25 јога активни одмори кои може да ги погледнете ТУКА .

Тагови:
#activeholiday#beachyoga#biljanapeseva#connection#EFTtechnique#healing#healingcontact#healthyyoga#holisticapproach#meditation#mentalhealth#personalgrowth#PhyllisKrystal#QerretAlbania#selfdevelopment#silence#spiritualgrowth#wellnestraining#yogaretreat#активенодмор#БилјанаПешева#блискост#духовенраст#ЕФТтехника#исцелување#јоганаплажа#јогаодмор#контактштолекува#личенраст#медитација#МенталноЗдравје#поврзување#работанасебе#свесност#тишина#ЌеретАлбанија#ФилисКристал#ХелтиЈога#холистичкипристапbiljanapeshevaclosenessmindfulness
Споделете на:
Клуб „Патот на Душата“: Простор каде се будат вистинските капацитети на човекот
Најава за јога активен одмор во Никити

Последни постови

Thumb
Од судбина до избор – Храброста да
11 Сеп, 2025
Thumb
Време е за ново образование во Македонија:
30 Авг, 2025
Thumb
Илинден – ден кога ја кренавме главата…
02 Авг, 2025

Категории

  • Активен одмор (32)
  • Блог (174)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се