Моментално празен: 0ден
Блог
Каква е поврзаноста на медитацијата со траумите и како се медитира правилно
Учителот по медитација и психотерапевт Џек Корнфилд вели: “Иако имав огромна корист од обуката за медитација во тајландските и бурманските манастири, таму забележав две изненадувачки работи за мене. Прво, во мојот живот постоеа поголеми области со проблеми, како што се: осаменост, интимни односи, работата, постоење на рани од детството и разни форми на страв, во кои дури и со многу длабока медитација не успеав да допрам. Второ, помеѓу десетина западни свештеници (и многу азиски ученици и свештеници) кои ги сретнав за време на мојот престој во Азија, се разбира со исклучок на неколкумина исклучителни луѓе, на повеќето од нив медитацијата не им помогнала во решавањето на значајните области од личниот живот. Многумина од нив беа длабоко повредени, невротични, уплашени, тажни, а честопати ја користеа духовната практика за бегство и криење на своите проблематични делови”.
Или со други зборови, некои медитанти се свесни за својот дух или тело, но не и за своите чувства, односно практикувајќи медитација толку многу можат да ги потиснат чувствата, што во некоја нормална ситуација реагираат како кибрит кој се пали, или со други зборови пронаоѓаат дежурен виновник за својата состојба. Од друга страна, некои луѓе пак го разбираат својот ум, но немаат мудар став кон своето тело. Постојат и трет тип на луѓе кои влегуваат во одлични медитации но нивното однесување во надворешниот свет се никакви како личност и се однесуваат најчесто како жртва.
За што зборувам тука?
Ако сме започнале да практикуваме медитација за да таа ги реши нашите проблеми, тогаш не сме го разбрале значењето на медитацијата! Медитацијата има смисла сама по себе, но таа кај повеќето луѓе е обид за решавање на некој проблем со кој не сакаат да се соочат.
Често пати проблемот на некоја личност кој настанал со родителите, партнерот или нешто трето, таа ситуација била како иницијална капсла да личноста тргне на медитација или некоја духовна пракса. Но тоа е исто како да се обидуваме да ја негираме траумата која што ни се случила или да ја замениме со нешто ново.
Влијанието на медитацијата врз здравјето е несомнено важно, тоа е научно потврдено, но ако таа стане било каков обид за замена на животот (да донесе или да го одложи животот и неговите трауматични искуства или пак да предизвика многу жестока реакција) таа може да ги извлече на површина нашите проблеми многу побрзо од психотераписките методи.
Медитацијата ќе биде ефикасна и исполнувачка тогаш кога ќе ги прифатиме траумите и ќе ги исцелиме штетите кои произлегле од т.н Едиповиот комплекс, внатрешниот повик кој не тера постојано да го обвинуваме светот и да бараме дежурен виновник за нашите проблеми.
Еднаш кога ќе ги прифатиме животни ставови и филозофијата во која проблемите се прифаќаат како предизвици и како делови од себе, дел кој се манифестира за да себе се доживееме многу пошироко, медитацијата може да ни донесе дополнителни одговори и механизми како да излеземе од двојството во умот и од неговите замки. За Ерик Јунг или за Фројд и она што тој го нарекува Едипов комплекс, тоа е еден дел од процесот на индивидуизација или создавање на личност која се одделува од групата (родителот) и препушта на внатрешниот процес, исто како што правиме во медитација.
Затоа, медитирајте, но секојдневниот живот прифатете го како предизвик, не се помирувајте со него, не го потискувајте, но исто така и своите ограничувања не ги нарекувајте слобода. Ставовите и ситуациите што доаѓаат започнете да ги гледате како предизвик, кои несвесниот дел од вас или вашата внатрешно Јас Ви ги праќа заради продлабочување на искуството со себе и со светот. Не може да се добие вистинскиот одговор само со тоа што ќе лежите и ништо нема да правите.
Еве неколку општи совети за тоа како може да медитирате
– Медитирајте во исто време секој ден, било наутро, на ручек или навечер. Со развивање на рутината може вашето практицирање да оствари доследни резултати.
– Медитирајте во иста соба или во ист дел од собата. Тоа помага да го одржите својот распоред. Исто така енергезирајте ја и сензивитирајте ја таа соба или простор како полесно би настанала чиста прана.
– Нека вашиот основен простор за медитација биде физички и енергетски чист. Што повеќе медитирате ќе постанете поприемчив и посензитивен за фина енергија, што значи полесно ќе можете да бидете загадени во енергетски нечист простор. Поради тоа би требало да практикувате добра енергетска хигиена во просторот за медитација-пр. со палење на мирисни стапчиња, пуштање на трака со ОМ мантра или користење на некои други техники.
– Воздржете се од тешки оброци пред медитација. Вашето тело е усмерено на варење на храна, и физиолошки и енергетски што може да ве направи поспани.
– Немојте да медитирате надвор на сонце. Соларната прана е премногу интезивна.
– Немојте да медитирате ако сте под влијание на силни негативни емоции, како што се бес или страв. Пред да започнете да медитирате, искористете ја самосвесноста или други техники на чистење, да би ги смалиле негативните емоции.
– Воздржете се од пиење на ладни пијалоци еден час пред и еден час по медитацијата. Медитацијата создава прана која е топла. Ладните пијалоци, предизвикуваат нагла промена на температурата на телото, и тоа делува како шок за енергетските канали.
– Немојте да се туширате два часа по медитацијата. Водата ја испира праната која сте ја створиле.
– Направете некој вид на физички вежби 5 минути пред и 5 минути по медитацијата, најдобро е тоа да бидат вежби на чистење. Дури и лесни вежби помагаат да се спречи нагомилување на енергијата, и да се исфрли нечиста прана од меридијаните и чакрите на енергетското тело.. Слободно применете ги физичките вежби на чистење кои најповеќе ви одговараат, или кои сами сте ги смислиле-пр. Таи чи, чи кунг, или дури и аеробик.
– Немојте да се потпирате на пречките, бучавоста, или други слушни впечатоци кои можат да ве прекинат во медитацијата. Уште поважно немојте да дозволите тие пречки да ве налутат. Ако залае куче или се слушне сирена на автомобил, приметете го тоа без да реагирате, и насочете го својот ум назад на медитацијата. Немојте да се предадете на пречките.Немојте да ги препуштите своето внимание и енергија. Можете да ги вклучите во медитација на следниов начин:
– Примете ги на знаење, објективно и без пресудување.
– Кажете нешто на себе како: “Надворешните звуци и бучава ја прават мојата медитација уште подлабока, а концетрацијата уште попрецизна. “
– Полека вратете го своето внимание на клучната точка на медитацијата, и продолжете понатаму.
За да настане промена на овој свет и промена во себе, потребно е да се внурнеш во практиката која се манифестира преку грешки и повторувања, која на крај донесува вредни искуства кои единствено водат кон самоисцелување.