Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Хелти јога одбележува 10 години активности за подобро ментално, духовно и физичко здравје

  • 25 Авг, 2024
  • Com 0

Практикантите велат дека искуството со Хелти Јога вежбите им помага да се справат со стресот, да го подобрат своето физичко и ментално здравје, и воспостават ментална и емотивна стабилност.

Хелти Јога, водечкиот центар за јога и велнес активности во Македонија, информира дека одбележува десет успешни години на практикување јога и велнес активности во земјата и сранство.

Од основањето до денес, Хелти Јога е посветена на промовирањето и градењето на здрави животни навики, и тоа преку редовни јога часови, работилници, јога ретрити, велнес и тим билдинг тренинзи, со што придонесува за подобрување на физичкото, менталното и емотивното здравје на повеќе од 10.000 практиканти во Македонија.

Јогата која што се практикува во Хелти Јога не е само физичка вежба, како што велат практикантите, туку е и патека кон целокупна благосостојба. Холистички пристап кон здравјето е основна нитка која се привејува во сите типови на активности кои се реализираат; јога часови, активни одмори, семинари и работилници со техники од светски  познати психолози.

Практикантите велат дека искуството со Хелти Јога вежбите им помага да се справат состресот, да го подобрат своето физичко и ментално здравје, и воспостават ментална иемотивна стабилност.

„Нашата мисија е да продолжиме да инспирираме и да ги поддржуваме луѓето во нивниот пат кон подобро здравје и благосостојба“, вели Биљана Пешева, основач и главен изведувач на активностите во Хелти Јога. „Преку нашите програми и активности, Хелти Јога останува посветена на промоција на здрав и балансиран животен стил и во наредни години.“

Во целиот период работа на себе-развивање, со индивидуалци и групи или фирми, Билјана Пешева силно верува дека јогата има моќ да го подобри менталното здравје, даослободи стрес, и најважно да наполни со нова енергија или живот!

„Преку јогата и медитацијата, личноста на еден нежен и внимателен начин влегува во својот заборавен подрум на потсвест каде добива можност да ги открие, расплете и осознае, најдлабоките и највеличенствените содржини и тајни кои постојат во него“, вели Пешева.

Тргнувајќи од нејзината ментална и емотивна чистота и јаснотија, таа е целосно насоченакон помагање и поддршка на сите оние кои се чувствуваат заглавени во животот и им епотребен поттик и поддршка за да направат своја лична трансформација.

За основачот на Хелти Јога

Основач на Хелти Јога е Билјана Пешева, која од рана возраст почнала да се интересира и практикува техники за осознавање на мислите и смирување на умот. Таа од 2013 година води јога часови, медитации и тренинзи за подобрување на емотивно и ментално здравје, обуки и тим билдинзи за фирми и часови за намалување на стрес и напнатост кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите.  Билјана Пешева е автор и креатор на програмите: “Свесно здравје”, “Создади нова сликаза себе”, “Движи се со леснотија”, “Научи како да ја зголемиш својата самодоверба”,“Ослободување од потиснати емоции”, “Циклус спиритуални работилници”, “Ментално иемотивно исцелување”, “Научи како да постигнеш своја цел” и редовно води предизвициза ментално и емотивно созревање и трансформирање.

Повеќе информации може да се добијат на веб-страницата www.healthylifeskills.mk.

Извор  НОВАТВ

Тагови:
#biljanapeseva#cuttingthetiesthatbind#emotionalfreedom#healingconversations#healthylifeskills#healthyyoga#mentalhealth#yogaonline
Споделете на:
Јога во Ќерет - Патување кое трансформира!
Семејни констелации

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се