Моментално празен: 0ден
Активен одмор
Healthy YOGA Wellness ретрит
Концептот Healthy YOGA Wellness retreat е многу повеќе од само вежбање јога. Wellness значи целосна интеграција на својата физичка, ментална и духовна благосостојба. Моделот кој го користевме во овие 4 дена (23-26 Мај 2019) вклучуваше во себе развивање на своите лични социјални, емоционални, духовни, професионални, интелектуални и физички капацитети. Па така, во рамките на програмата употребуваме активности со кои работевме на подобрувањето на лична благосостојба на учесниците, потоа вежбавме јога за подобрување на физичкото и ментално здравје, практикувавме техники за дишење, имаме забавни но и едукативни работилници наутро и навечер, учевме за EFT (Emotional Freedom Techniques) и за Реики.
А преку ден… е тогаш се бањавме, дружевме и уживавме во новите познанства, дури најдовме време и да одиме до термалните бањи во близина на Неа Скиони. Незаборавно искуство и Ви благодарам на сите кои бевте дел од ова патување!