Currently Empty: 0day
Online programs
10 week program CONSCIOUS HEALTH
Голема фрустрација е да се чувствуваш заглавен во животот, нели?
Но во исто време, нема ништо подобро, од тоа да најдеш некој или нешто, на кој ќе му веруваш во ова несигурно време!
Инспирирана од мојата досегашна работа и желбата да помогнам на сите оние кои се чуствуваат заглавени во својот живот – на било кое поле и ја изгубиле својата лична моќ и самодоверба, креирав програма за постигнување на ментална, емотивна, физичка и душевна рамнотежа преку практикување на методи за подобрување на севкупното здравје и добробит која трае 10 недели и се вика HEALTH CONSCIOUS.
Tе поканувам да ни се придружиш на ова 10 неделно патување кон себе !
Почнуваме на 3 Април веднаш после пролетното будење и 10 недели ќе градиме нов и здрав поглед кон себе, својот живот и своето здравје!
Оваа програма во 2021 година ја релазирав во два циклуса. Ова е третиот повик за учество на ова незаборавно патување.
Еве што кажаа за оваа програма :
– Гордана Т.К: “Можеш да се ослободиш од сомнежот во себе. Се освестуваш за себе и се што се случува околу тебе. Тоа ќе го постигнеш со редовната медитација која е една од придобивките на програмата СВЕСНО ЗДРАВЈЕ. Самата поврзаност и комуникација во групата ти ги отвара твоите видици и размислувања. На овој начин си верувш на самиот себе. Им веруваш и на сите битни и важни одлуки што ги донесуваш во животот.”
– Ирена И: “Програмата СВЕСНО ЗДРАВЈЕ е одлична комбинација од теорија и пракса, е едноставна примената а длабока во ефект. Таа е како алатка за среќа и раст и развој што ќе му остане на секој учесник засекогаш.”
– Милица Т: ”Ова што беше извенадување за мене во продрамата СВЕСНО ЗДРАВЈЕ е дека одредени личности во мојот живот имале многу поголемо влијание врз мене отколку што сум била свесна за тоа, и дека самата себе потсвесно се саботирам. Сватив дека и здравствените проблеми се резултат на саботажите кои си ги правам себеси.
– Зорица И: “На секој еден од нас кој егзистира во ова општество му треба еден ваков коучинг за да направи детокс на телото умот и душата и да го разбуди и смени својот мајндсет, за да може да вибрира на повисоко ниво на свесност. Во времево во кое живееме со повисока фрекфенција можеме да се заштитиме од пандемијата на страв. Така ќе можеме да живееме здраво и стабилно и да се оствариме себе си. Топло ја препорачувам прогрмата СВЕСНО ЗДРАВЈЕ заради сето тоа.”
Поради севкупната ситуација оваа програма е специјално адаптирана за работа од дома, но во договор со групата можеме неколку сесии да ги направиме во природа, во комплетно урбанизиран простор , наменет за држење тренинзи на отворено.
Без разлика што времето за секој еден од нас е се уште несигурно, и има депресија, анкциозност, неприфаќање, тага, или заглавеност во животот, Јас ви ветувам дека преку оваа програма Вие ќе влезете во контакт прво со себе но потоа и во контакт со вистинска група на луѓе, луѓе кои имаат исти желби и тежненија, иста цел, а тоа е да се подобрат на својот личен пат и да се исполнат со мир, среќа и лично задоволство.
Па оттука се што ти треба да направите, е на време да се приклучите на десет неделната ексклузивна Програма “10 недели до Свесно Здравје” која ќе ви покаже дека може да му верувате на животот, на себе и на луѓето во ова несигурно време!
Што ќе добиете во оваа програма:
– 10 недели – 10 дво-часовни сесии онлајн во живо
– 10 Лекции за подобрување на металното,емотивно, физичко и душевно здравје
– 10 Водени медитации
– Можност да ги гледате сесиите за цело време траење на курсот.
– PDF материјали и инструкции
– Вежби за работа
– Сертификат за завршна програма за подигнување на свеста за менталното здравје “Elevate Mental Health Awareness”
За да се приклучите на оваа програма не е потребно да имате предходно искуство на работа на себе или искуство со медитација. Оваа програма можат да ја посетуваат и почетнии и напредни практиканти. Се што ви треба е да имате стабилен интернет и два часа време за себе во неделата
За да ја видите содржината и условите КЛИКНЕТЕ НА ОВОЈ ЛИНК