Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

“Ако не ја смениш насоката, ќе завршиш таму каде што си се упатил”- Лао Це

  • 01 Авг, 2022
  • Com 0

Или Свесно зачекори во 2022 година за да ја доживееш промената која што ја посакуваш.

Една мудра жена која ја познавав кога бев млада и ми беше инспирација во тој период од мојот животот, често ми велеше “Билјанче од секоја информација, направи трансформација”.

Толку години по нејзината смрт, таа реченица често ми одзвонува во главата и ми е лајт мотив за многу проекти кои ги правам и работам.

Нормално дека сите учиме, грешиме, растеме или искусуваме во животот, но ако тоа што сме го научиле, не прави трансформација  внатре во нас, тогаш животот го живееме во лер, несвесно а јас навистина не сакам така да го живеам мојот живот.

Значи ако  ја смениме насоката каде што одиме, многу вероватно е дека ќе завршиме таму каде што сме се упатиле.

Инерцијата е тешка работа, нели?  Промените се важни за секој еден од нас.

На секој му треба промена. На некој на физички план, на некој друг на ментален и/или емотивен план, некој пак трет, му треба надворешна промена, која бара промена на надворешните фактори кои го опкружуваат (работа, партнер, преселба..) итн.

Гледаш, сè е промена или трансформација. Животот е во постојана динамика и менување.

Па, зошто тогаш ти да стоиш во место ?

Зошто во 2022 година не направиш промена во она област од твојот живот каде што ја имаш изгубено својата лична моќ ?

Направи чекор.

Пронајди ја твојата точка на намалена моќ. Но најди го она кое ќе ти донесе промена и лична трансформација.

Излези од секојдневната инерција, внимавај да не се загубиш во морето на секојдневни активности.

Најди ја својата точка на намалена моќ. Запиши ја. Следи ја. Проверувај ја.

Времето е драгоцено! Искористи ја оваа Нова 2022 година во твоја полза.

Знаеш ли како се продолжува времето ?

Кога си свесен го продожуваш времето.

Првиот чекор кон промената е свесноста.

Еве, помисли кога чекаш нешто со нетрпение да ти соопштат, колку брзо ти поминува времето? Не поминува нели?
А, како ти поминува времето кога ќе почнеш да фантазираш и оп веќе си на целта и времето летнало.

Зголемена свесност – зголемени можности!

Зголемени можности, значи време и простор за твоја трансформација!

Значи свесноста е клучот на трансформацијата!

Да може да ме слушне Искра јас би и ја сменила нејзината изјава и сега и би и кажала “Свеснo бирај информации, кои ќе ти донесат трансформација”

Ви посакувам во Новата 2022 година свесно да ги погледнете оние области од вашиот животот каде што сте ја изгубиле својата лична моќ, донесете одлука и  ја сменете насоката кон која што одите.  Нека тоа ви донесе длабока внатрешна трансформација, лично задоволство, внатрешен мир и радост.

Среќна Нова  2022 година,

Љубов и Светлина,  Билјана Пешева

 

Тагови:
#biljanapeseva#healing#healingconversations#healthylifeskills#healthyyoga#newresolution#newyear#newyearresolutions#onlinepersonaldevelopment#wellnestraining
Споделете на:
Викенд предизвик за ментално и емотивно здравје
Зачекори на златниот пат во Новата 2022 година

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се