Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Време е за ново образование во Македонија: образование на срцето

  • 30 Авг, 2025
  • Com 0

Во Македонија, почетокот на есента секогаш носи нов ритам – училниците повторно се полнат со ученици, наставниците започнуваат нови лекции, а родителите се враќаат кон секојдневните рутини. Иако не сум ниту ученик, ниту наставник, и моите деца се возрасни, овој период секогаш во мене буди чувство на почнување на нешто ново. Се сметам себеси за доживотен ученик (верувам и многумина од вас се чувствуваат така) и верувам дека преку мојата работа градам заедница  – Хелти заедница  – кои ги учи луѓето да го хранат не само умот, туку и срцето и релациите меѓу себе.

Учиме надвор од училницата

Образование кое во себе го вклучува срцето, умот и душата не се случува само во училницата. Тоа се случува во природата, покрај реките и езерата, во нашите релации со другите и во поврзаноста со другите живи суштества. Само од набљудување на природата, нејзините циклуси, или од набљудувањето на движењето на сонцето и месечината- можеме да добиеме бесценети лекции за животот и смртта. Образованието е срцето на нашата заедничка иднина – и во него мора да бидат вклучени не само училиштата, туку и семејствата и заедниците.

Петте човечки вредности

Програмата за образование во човечки вредности (Education in Human Values – EHV) која пред многу години мојот сакан учител Сатја Саи Баба ја воведе потсетува на суштината: Вистина, Правилно однесување, Мир, Љубов и Ненасилство. Овие принципи можат да бидат водилка како за родителите, така и за наставниците, но и за секој кој сака да гради поздрава заедница. Секако, нивното практикување не се случува преку ноќ. Потребно е постепено да ги замениме старите навики и ставови со нови, позитивни. Малите чекори се клучни, бидејќи инаку задачата може да ни изгледа преголема.

Едноставна, но моќна пракса е да се посветиме секоја недела на една вредност – на пример, недела на љубов, недела на вистина или недела на мир. Така вредностите стануваат живи во секојдневието и почнуваат да создаваат вистинска трансформација – кај децата, кај возрасните, во семејствата и во заедниците.

Промена на моделот на образование

Традиционалниот „класичен модел“ на образование што го користиме, не одговара на потребите на денешните ученици. Денешниот свет бара училишта кои се повеќе релациски, поддржувачки и фокусирани на развој на детето како целосно битие – нас ни требаат луѓе кои се  сочувствителни, креативни и знаат да изградата релација и пред се кои ќе можат да се справат со предизвиците кои ќе се појават пред нив.

Важноста на свесната присутност или мајндфулнес

Истражувачите и практичарите за мајндфулнес  нагласуваат дека образованието е исто толку поврзано со свесната присутност, колку и со методите на подучување. Она што им е најпотребно на младите се возрасни кои се грижливи, внимателни и присутни – луѓе кои знаат да слушаат и кои со својот мир и стабилност даваат пример. Во време кога стресот е “заразен”, еден свесен присустен смирен наставник или родител може да го промени целиот амбиент во училницата.

Образование на срцето

Далај Лама има кажано: „Мојата надеж и желба е еден ден формалното образование да обрне внимание на она што јас го нарекувам ‘образование на срцето’.“ Оваа визија е универзална – да учиме од природата, да изградиме училишта што го развиваат целото дете и да негуваме присутност и сочувство во нашите односи применувајќи ги човечките вредности во пракса.

Образованието што ни е потребно денес не е само пренесување на знаење, туку и култивирање на вредности и внатрешни капацитети што ќе ни помогнат да се соочиме со иднината со мудрост и грижа.


🌿 Најголемата можност за Македонија денес е токму ова: да изградиме образовен систем и заедници кои ќе ги живеат и негуваат овие пет вредности – Вистина, Правилно однесување, Мир, Љубов и Ненасилство – и преку нив да ја зајакнеме поврзаноста со себе, со другите и со светот околу нас.

Билјана Пешева

автор, тренер, јога инструктор и терапевт во семејни констелации, со над 25 години искуство во личен развој, ментално здравје и холистички практики.

Тагови:
#awarness#biljanapeseva#emotional#emotionalfreedom#emotions#energy#freechallenge#hathayoga#healing#healingyourmind#healingyoursoul#healthylifeskills#healthyliving#mind#onlineprogram#personaldevelopmenteducationYOUTHвредностимладиОбразованиечовечки вредности
Споделете на:
Илинден – ден кога ја кренавме главата… и уште ја креваме
Од судбина до избор – Храброста да живееме свој живот

Последни постови

Thumb
Од судбина до избор – Храброста да
11 Сеп, 2025
Thumb
Време е за ново образование во Македонија:
30 Авг, 2025
Thumb
Илинден – ден кога ја кренавме главата…
02 Авг, 2025

Категории

  • Активен одмор (32)
  • Блог (174)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се