Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Успешно Завршен Јога Ретрит во Дојран: Хармонија на Телото, Умот и Душата

  • 11 Сеп, 2024
  • Com 0

Со голема радост ве известувам дека го реализирав осуманесеттиот јога активен одмор во прекрасниот Дојран, искуство кое остави длабоки впечатоци и трајна инспирација кај мене и сите учесници.  Овој ретрит беше многу повеќе од обичен јога одмор – за мене но и за сите учесници.

Имавме јога часови покрај езеро и под борови, тимски игри навечер и преку ден проследени со длабоки разговори во вечерните сесии. Можеби кулминацијата во групата се случи на три часовната игра “Низ историските патеки на Дојран” каде учесниците се надминаа себе си во исполнувањето на задачите, за што си добија заслужени награди. Имавме и цело дневна релаксација во спа центар со термални води  кое заврши со медитација и нормално секој ден вистински уживавме во гастрономскиот ресторан Фук Так, каде ја почувствувавме вистинската магија на дојранската кујна.

Јога во Природата: Поврзување со Себеси и Околината

Бевме сместени во бунгаловите на Фук Так кои се совршени за јога одмор, создавајќи идеален простор за опуштање и поврзување.  Од самиот почеток, природата на Дојран нè прегрна со својата убавина и мир. Утринските јога сесии покрај езерото беа вистинско освежување за телото и духот. Чистиот воздух и смирувачкиот звук на водата додадоа ново ниво на спокојство во нашата практика.

Тимски Игри и Релаксација

Едно од најзначајните искуства беше зајакнувањето на групата преку тимски игри и активности кои ги направивме на различни локации во Дојран. Играта “Низ историските патеки на Дојран” внесе диманамика во групата, натпревар и забава. Игрите кои беа во вечерните часови  ни помогнаа да изградиме доверба и да го зајакнеме чувството на заедништво, кое е толку важно во групната јога пракса.

СПА и Термални води

Како јаготка на шлагот беше посетата на Термал Лукс Спа хотелот во Банско, Струмичко каде сите вистински уживавме во спа центарот со термални води, и целосно го отпуштивме телото и умот, подготвувајќи се за новите предизвици и искуства.

Гастрономско Уживање во Фук Так

Дојран е познат и по својата извонредна кујна, а ние го искусивме најдоброто од тоа во ресторанот Фук Так. Вкусната локална храна беше совршен почеток и крај на секој ден. Таму сите заедно уживавме во оброците и разменувавме мисли и искуства од денот.

Прекрасна Група – Автентични Луѓе

Она што го направи овој јога ретрит навистина посебен беше прекрасната група луѓе која се собра. Секој од нив внесе свој карактер, автентичност, отвореност и желба за напредок. Нивната енергија и поддршка ја направија оваа група уникатна, и секој од нас излезе од ретритот со чувство на исполнетост и лична трансформација.

Продолжуваме во Крушево!

Ова прекрасно искуство не завршува тука! Нашето следно јога патување продолжува во Крушево од 10 до 13 октомври. Ќе имаме можност повторно да се поврземе со природата, да ја продлабочиме нашата јога практика и да изградиме нови автентични искуства во магичниот амбиент на Крушево. Ако сакате да се приклучите, пишете ми порака или прочитајте повеќе информации на линкот.

Заедно, во љубов и светлина,  продолжуваме да растеме и да се развиваме – и на јога мат и/или надвор од него!

Билјана Пешева

 

Тагови:
#biljanapeseva#emotionalfreedom#healingconversations#healthylifeskills#healthyyoga#wellnestraining#yogaonbeachbiljanapesheva
Споделете на:
Семејни констелации
Успешнно одржана работилница „Градиме здрави навики“ во Охрид

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се