Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Јога поздрав од 1.480 метри надморска височина

  • 15 Сеп, 2021
  • Com 0

Јога активниот одмор овој Септември се одржа во хотел Бел Камен, на Плачковица на 1480 метри надморска висина. Освен што вежбавме јога, дишевме чист планински воздух – нормално  работевме и техники за дишење, имавме и медитации, потоа долги прошетки низ Плачковица, бањање во топли и термални води – во СПА центарот во хотелот, навечер вечерни сесии- полни со прашања кои потикнуваат себе-истражување, но и игри за будење на љубопитноста и радоста во секој еден од нас.

Кој би рекол дека во Септември навечер ќе се грееме со дрва, покрај камин и ќе пиеме црвено вино додека разговараме за себе и за можностите кои ги креираме во нашиот живот.  За среќа и времето и природата и енергијата на сите учесници беа погодени и хармонизирани, што би рекле старите “ко кец на десетка”.

Искрениот однос на сите учесници, нивната отвореност и срдечност да се вклучат во сите сегменити на мојата програма беа невероватни и на сите посебно им се заблагодарувам за нивното учеството и ангажман.

Е, сега имаше многу интересни работи, детали и случки за кои нема тука да зборувам, но легендата за тоа како планината Плачковица го добила своето име ни остана на сите во главите- и поради самата приказна но и поради начинот на кој ни беше раскажана. Имено, Филип II, таткото на идниот крал на Македонците Александар, го донел Александар кој бил уште бебе кај најпозната свештеничка во тоа време која живеела на оваа планина, за да го излекува од нападите на плач со кои ги измачувало сите дворјани. Таа го зела детето во раце и рекла дека е сосема здраво, а плаче поради тоа што поседува огромна енергија од која се ослободува на тој начин. Таа тогаш му предвидела дека Александар ќе стане крал на светот и ќе ја надмине славата на татко му.

Филип II и Kралот Липиј кому Светиот Град му бил престолнина, од радост и олеснување се расплакале. Нивниот плач ѝ го донел името на планината Плачковица.

Е, па да си посакаме сите да имаме прилики за плачеме од среќа и радост и да повторно отвориме можности за ваков тип на активен одмор.

Ве сака Биби Пешева

Тагови:
#biljanapeseva#emotionalfreedom#freechallenge#hathayoga#healingconversations#healthylifeskills#personaldevelopment#retreat#yogalife#yogaretreat
Споделете на:
Јога интензив во Крушево
Летно патување кон себе -Активен одмор Јуни 2022

Последни постови

Thumb
Wellness Afterwork & Релациските потреби: Науката и
03 Мар, 2026
Thumb
Како наследството од нашите предци влијае на
02 Мар, 2026
Thumb
Скулптурирање на односите – кога внатрешниот свет
16 Фев, 2026

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (186)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (64)
  • Курсеви (11)
  • Личен развој (91)
  • Настани (51)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2026 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се