Моментално празен: 0ден
Активен одмор
Wellness & Yoga камп “Активирај го детето во себе”
Во период 23-27 мај 2018 година, се одржа пет дневниот Wellness&Yoga камп во Никити Грција, на тема “Разбуди го детето во себе”.
Освен што редовно вежбавме јога, техники за дишење и медитации со цел да ја активиравме виталната енергија во себе, имавме и тимски активности и работилници за раст и развој, со кое го потикнавме детето во секој еден од нас да се отвори .
И така, сите излеговме од својата зона на конфор !
Беше возбудливо, беше интересно и беше забавно, за сите имаше по нешто и толку многу бевме внесени во активностите што заборававме да сликаме. Најубавите работи не се опишуваат со зборови, туку само се доживуваат, па преку сликите можеби ќе може да се доживее она што таму го имавме. Средба со себе, која се гледа на нашите лица и очи.
Pure Joy & Healthy Happiness !
Во продолжение ви го доставувам извештајот од пополнетите евалуациони прашалници.
Извештај од евалуацијата на учесниците, изработена од Проф. Д-р Нада Секуловска Професор по Маркетинг истражување во пензија од Економнски факултет Скопје
Второто прашање се однесуваше на должината на семинарот, дали беше предолго, колку што треба или прекратко. Најголем дел (72%) се изјасниле дека беше колку што треба додека 28% рекоа дека е прекратко.
Следното прашање се однесуваше на содржината на семинарот односно за балансот меѓу јога вежбите и работилниците за раст и развој. Најголем дел односно 83% одговориле дека е добар балансот меѓу јога вежбите и работилниците за раст и развој.
На прашањето во кој степен се постигнати очекувањата од семинарот 87% одговориле дека во голема степен се постигнати очекувањата од семинарот а само 13% одговориле дека делумно се постигнати нивните очекувања.40% од учесниците одговориле дека многу корисни биле вежбите за раст и развој и социјалните игри, додека за 48 % беа корисни а за 12% беа некорисни.
На прашањето дали би дошле на ваков семинар повторно, најголем дел односно 95% одговориле позитивно, а само 5% се изјасниле со незнам
На прашањето што беше поставено да се оцени работата на тренерот и јога инструкторот Билјана Пешева, односно нејзината јасност, разбирливост употреба на визуелни средства, користење на практични примери како и интеракцијата со учесниците, одговорите беа како што следува во следната табела.
Во период 23-27 мај 2018 година, се одржа семинар насловен “Активирај го детето во себе” во Никити Грција. На семинарот присуствуваа 33 учесници од кои беше побарано на крај од семинарот да пополнат анонимен прашалник во врска со содржината на семинарот, активностите и влијанието врз нив, како и да го оценат инструкторот. Во анализата на прашањата ќе се забележи дека не сите прашања се одговорени, од сите учесници поради што нема конзистентност во бројот на одговори и вкупниот број на учесници. Некои учесници не присуствуваа на јога вежбите или на работилниците, или пак веќе биле заминати кога прашалникот се пополнувал и затоа не одговориле.
Прашалникот се состоеше од 5 прашања кои содржеа повеќе потпрашања.
Првото прашање беше да се оцени организацијата на целиот семинар при што беа дадени можни три одговори, слаба, доволна и добра. 25 учесници или 92,5% одговориле добро а само 7,5% со доволно, додека пак ниту еден не се изјаснил за првата опција. Во продолжение на ова прашање беа наведени собите, храната, услови за вежбање и работилници за раст и развој.За секој елемент беше дадена можност да се заокружи 1 (слабо), 3 (доволно) и 5 (добро)
Како што може да се види јасноста на презентациите, разбирливоста на инструкциите и интеракцијата со учесниците, беше оценета со високи оценки.
На крај имаше едно отворено прашање на кое учесниците требаше да напишат нивни впечатоци. Одговори имаше најразлични и се сретнуваат следниве:
– феноменално,
– одлично во секој поглед,
– нов спектар на бои, звуци зборови,
– само напред продолжи само вака,одлично,
– одличен баланс меѓу јога вежбите и времето за себе и сопствените преференции, целосно исполнета,
– Едвај чекам нов следен камп,
– браво за позитивната енергија—keep up the good work,
– преубава содржина на целиот семинар,
– браво Биби, екстра,
– Биби rules, одлична организација, преубава синергија и покрај отпорите кај индивидуалци, незаборавно искуство, нови пријателства кои ќе ги негувам,
– многу голем импакт оставија кај мене сите учесници и активности.
– Ти благодарам за ова искуство, Биби, те обожавам, ова треба да се повторува почесто,
– убав начин за дружење,одличен баланс на јога вежбите.
Сите коментари се позитивни, некој напишал повеќе некој помалку но општ впечаток е дека кампот и неговата реализација се остварија одлично со високо ниво на професионализам со што се потврдува позитивниот став на учесниците и новното задоволство од целата организација на семинарот.