Моментално празен: 0ден
Блог
Справување со емоции: Клуч за мир и здравје
„Само оние кои се ослободат од своите емоции, навистина се слободни.“ – Карл Јунг
Сите ние сме искусиле потиснати емоции во некој момент од нашите животи. Понекогаш, во обид да се заштитиме од болка или стрес, ги потиснуваме нашите чувства, обидувајќи се да ги избегнеме или да не се соочуваме со нив. Но, што всушност се случува кога емоциите не се изразуваат, туку се задржуваат? Како потиснатите емоции влијаат на нашата психа и здравје, и што можеме да направиме за да се ослободиме од нив?
Што се потиснати емоции?
Потиснатите емоции се чувства што не се изразени или обработени, туку се задржуваат или „скриени“ во нашата потсвест. Тоа може да биде било која емоција што ја доживуваме како премногу болна, непријатна или непожелна за да ја изразиме, како што се лутина, бес, страв или тага. Понекогаш, овие чувства ги потиснуваме без да бидеме свесни за тоа, со цел да се справиме со моменталната ситуација или за да избегнеме соочување со болката што тие ја носат.
„Не можеш да го промениш минатото, но можеш да го излечиш својот ум.“ – Буда
Како потиснатите емоции влијаат врз психата?
Кога не ги изразуваме или обработуваме нашите емоции, тие се таложат во нашето тело и ум. На краток рок, ова може да изгледа незначајно меѓутоа, на долг рок, последиците од потиснатите емоции можат да бидат многу сериозни, особено кога се потиснуваат длабоки и трауматски емоции. Знаете тие не исчезнуваат, туку продолжуваат да влијаат на нашето ментално и емоционално здравје.
Најчести психолошки ефекти на потиснати емоции се анксиозност, депресија, панични напади и хроничен стрес. Потиснувањето на чувствата може да доведе до ниска самодоверба, чувство на безнадежност, и внатрешна конфузија. Ние не само што ги блокираме своите емоции, туку и ја блокираме способноста да се поврзуваме со себе и со другите. Во овој контекст, тагата, како една од најдлабоките емоции, може да стане особено проблематична, бидејќи потиснувањето на тага носи со себе долгорочни последици.
Тагата како најдлабока емоција
Тагата, како емоција, често се поврзува со загуба, неуспех или разочарување, но не е само одговор на физичка загуба. Тагата може да биде резултат на неисполнети очекувања, недостиг од љубов или признание, или длабока емоционална и психолошка траума. Таа е комплексна емоција која, ако не се изрази или процесира, може да се претвори во хронична болка која ја оптоварува и психата и телото.
Како што пишува Билјана Пешева во својата книга „Водич за ослободување од тага“,
“Тагата која не се ослободува и која останува потисната во нас, со тек на време станува тежина што ја носиме во душата, создавајќи празнина која не дозволува радост или вистинска среќа“.
Оваа потисната тага има силно влијание врз нашето емоционално и физичко здравје. Таа може да предизвика чувство на безнадежност и постојана празнина, што понатаму ја зголемува веројатноста за развој на депресија и анксиозност.
Потиснувањето на тагата не само што ја блокира нашата способност за емоционално излекување, туку може да има сериозни последици и за физичкото здравје. Хроничните болки во телото, како главоболки, болки во стомакот или болки во грбот, често се поврзани со потиснатите емоции. Понекогаш, овие физички симптоми се резултат на потиснатата болка која не е процесирана. Што повеќе се потиснува, толку повеќе влијае на нашиот имунолошки систем и ги зголемува ризиците од различни здравствени проблеми.
Тагата, ако не се процесира и ослободи, создава блокади кои го нарушуваат балансот на телото и умот, потврдувајќи ја поврзаноста помеѓу нашата психолошка и физичка добробит. За да го ослободиме ова чувство и да го дозволиме лекувањето, важно е да се соочиме со тагата, да ја признаеме и дозволиме да се исцели.
Тагата не е слабост, туку пат до оздравување.“ – Махатма Ганди
Техники за справување со потиснатите емоции
Справувањето со потиснатите емоции е клучно за нашето ментално, емоционално и физичко здравје. Постојат различни техники кои можат да помогнат во процесот на ослободување и обработка на овие емоции. Три ефективни техники се:
- Мајнфулнес (Mindfulness) пракса: Мајнфулнесот е техника која се фокусира на свесноста за моментот во сегашноста. Практикувањето мајнфулнес ја подобрува емоционалната реакција, помага во намалување на стресот и ја зголемува свесноста за нашите чувства. Оваа техника ни помага да се соочиме со нашите емоции без осудување и да ги обработиме на начин што ќе ни дозволи да се ослободиме од нив.
- Јога и медитација: Овие практики ја зајакнуваат свесноста за телото и умот. Тие помагаат да се ослободиме од затегнатоста во телото која е резултат на потиснување на емоциите. Практикувањето на длабоко дишење и медитација може да ни помогне да се поврземе со нашето внатрешно чувство и да започнеме со процесот на исцелување.
- Разговор со психолог и рефлексивно пишување: Комуникацијата со терапевт или водено рефлексивно пишување може да биде одличен начин да ги изразиме и процесираме потиснатите емоции. Ова може да вклучува водење на дневник за емоциите, што ја стимулира свесноста и самопомошта.
Психологот и истражувач на полето емоционално здравје, Даниел Големан, вели:
„Потиснувањето на емоциите не ги прави да исчезнат. Тие продолжуваат да дејствуваат и можат да предизвикаат емоционален и физички стрес.“
Потиснувањето на емоциите, и особено на тагата, може да има сериозни последици за нашето здравје и благосостојба. Но, преку техники како мајнфулнес, јога и терапевтски процеси, можеме да научиме како да ги ослободиме и обработиме овие емоции, што ќе води кон поголема психолошка и физичка рамнотежа.
Студиите, како таа на Универзитетот во Харвард, покажуваат дека соодветните техники за ослободување од потиснатите емоции значително го подобруваат менталното здравје и ја намалуваат појавата на анксиозност и депресија, потврдувајќи ја важноста на овој процес за целокупната благосостојба.