Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Присутно срце – Јога активен одмор во Крушево, Октомври 2022

  • 12 Окт, 2022
  • Com 0

Во кинеската азбука, буквата која го означува зборот свесност се преведува како “Присутно срце” и токму тоа е зборот што го додавам како зачин на моите јога ритрити.

Присутно срце вклучува во себе квалитет на топлина, отвореност, нежност и прифаќање.

И групата тоа го докажа и одбрани. Со цело срце!

Овој пат групата беше интернационална. Имавме учесници од Австралија, Англија, Швајцарија и се разбира Македонија. Па ги однесовме и до Стоби и до Прилеп и манастирот Архангел Михаил.

Часовите и сесиите течеа една по друга, а учесниците беа присутни со цело срце на нив.

Имавме јога сесии, јога нидра, вежбавме со стап, но исто така имавме и безборј игри низ Крушево кои смеа и радости ни дарија, заедно со и по некое запаление на мускули 😊.

Во дневните активности решававме задачи и планинаревме. Баравме занаетчии, стари заборавени обичаи, стари куќи и многу споменици. Учествувавме дури и во правење ајвар и ракија.

Плус, како шлаг на денот беше посетата на стара Крушевска куќа, на тетка Норка и чичко Тошо, кои ни ги отворија вратите на нивниот скромен дом и не примија во него. Може да се каже дека ја “размрдавме” енергијата во куќата, бидејќи сегде влеговме и се што имаа домашно подготвено пробавме.

Сите се потсетивме дека секогаш кога сме во допир со добрината на луѓето околу нас, го цениме животот и убавината околу нас многу повеќе.

Па во името на сите учесници можам да ви кажам дека “Среќна сум што сум пресреќна” за ова искуство 😊

A за овој јога ретрит, кажаа:

“Најголем впечаток ми остави Биби при пешачењето до Мечкин Камен кога истото го направи медитативно преку техниките за молчење и обрнување внимание на звуците околу нас и боите. Да не не’ стави во таков ред, ќе си дрндавме меѓусебно со што ќе ја трошевме енергијата несвесни за природата околу нас. Мене лично, тоа ме потсети и на ” техниките” од Кастанеда- пешачење со затворени дланки, за да не се троши енергија, коешто го практикував секогаш во такви прилики.”“Си поминав одлично, најмногу  ми остави впечаток прошетката во тишина, работилницата со тајни предмети и работилницата со извонредноста”

До наредниот активен одмор, бидете здрави и среќни.

Билјана Пешева

Ако имате време дојдете и на Есенскиот предизвик  кој почнува на 14 Октомври – петок. Повеќе за тоа ,тука кликни 😉

Споделете на:
Поврзување и автентична среќа -Јога активен одмор во Геракини
Второто полувреме може да започне!

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се