logo

Поврзување и автентична среќа -Јога активен одмор во Геракини

Постои една студија на Универзитетот во Хардвард која траела повеќе од 80 години, каде што луѓето се набљудувале за тоа што е тоа што ги прави среќни.  Ние, за среќа не мораше да чекаме толку години, туку за 7 дена про-активно, откривме или се потсетивме што е тоа што не прави вистински среќни, живи и радосни, нормално практикувајќи ги активностите и јога програмата која што ја водев неуморно 7 дена и ноќи 😊

Но, да се вратиме на проектот  на Хардвард, кој започнал во 1938 година и кој следел 724 лица  од нивните тинејџерски години (сега околу 60-тина, се во нивните 90-ти, и сè уште се живи).  Со текот на годините, истражувачите собирале секакви здравствени информации и на секои две години им поставувале на учесниците прашања за нивниот живот и за нивната ментална и емоционална благосостојба и среќа. Некогаш дури ги интервјуирале и членовите на семејствата.

Ова истражување открило два важни фактори кои влијаат врз автентичната среќа на човекот.

И да, тоа нема врска со успехот, материјалните добра или парите!

Првиот фактор е:  Да знаеме кога треба да ги пуштиме работите

Ова мене ми се поклопува со една молитва која во моменти на криза ја шепотам “Боже дај ми сила да го прифатам она што не може да се смени” и продолжува “Боже дај ми храброст да можам да го сменам она што може да се смени и Боже дај ми мудрост да го разликувам едното од другото”! Односно во оваа студиа како што учесниците старееле, станувале свесни за она  што навистина им е значајно и важно во животот, а се друго едноставо го отпуштале. Да знаеме кога треба да отпуштиме стара болка, стар образец на однесување, старо сеќавање или некое материјално добро за некоја повисока цел или вредност, е една од клучните вредности која нас луѓето не прави вистински и автентично среќни.

Ако сакате да истражите на ова поле повелете на мојата наредна работилница.

Вториот фактор кој го заклучиле е: Да останеш поврзан

Оваа студија открила дека  силната поврзаност и блискост во блиските релации како на пример меѓу сопружниците, семејството, или пријателите  влијае врз чувството на среќа.  На пример ако имаме лична интимна или блиска релација со некој, тоа создава во нашиот ум ментална и емоционална стимулација, која пак е автоматски засилувач на нашето расположение и сератонин 😊 .

За жал современото општество создава услови за живот со физички, ментални и емотивни стресови, како што се живот во преголема гужва, брзо темпо, загадување, радијација, ѓубре-храна, хемиски адитиви, анкциозност, осаменост, лош став на телото, или нагло и претерано многу вежбање. Одвоено или заедно сите овие стресови произведуваат напнатост и почнуваат да го блокираат слободниот проток на енергија во телото а со тоа радоста и среќата во нас.

Имајќи ги сите овие стресови во глава забораваме дека вистинската среќа лежи во автентична и вистинска поврзаност прво со себе а потоа со луѓето околу тебе, и  нормално среќа е да знаеме како да ги отпуштиме сите емоции и мисли или стресови, кои свесно или несвесно сме си ги натовариле на себе.

И токму затоа ги правам овие активни одмори или ретрити веќе толку години.

Автентичниот контакт и комуникација кој се развива постепено, ден по ден, помеѓу сите прекрасни луѓе кои доаѓаат на активниот одмор од различна средина, образование, животно искуство или кариера, прави да станат поврзани со себе,  со групата или новите лица кои ги запознале, но и да се ослободат од сите токсини, стресови или емоции од кои биле обземени.

Да, тоа го направивме на ова волшебно 7 дневно патување.  Ги отпуштивме неважните работи. Се ослободивме до стресот. Се поврзавме. Ги прифативме и поврзавме “децата” на секој еден од нас. Се радувавме. Пеевме. Глумевме. Вежбавме јога. Се бањавме и игравме во вода. Дишевме. И најмногу од сè се радувавме и смеевме.

Всушност тоа се случува на сите други активни одмори кои ги правам. Преку тематска програма и јога активности учесниците се поттикнуваат да размислуваат за себе, своите емоции, својот мир и немир, да се поврзат со своите вистински автентични цели и желби а со сето тоа да се ослободат од стресот и траумите кои ги носат во себе.

Наредниот јога активен одмор е закажан за продолжениот викенд за 11 Октомври во Крушево. Не го пропуштајте бидејќи имам смислено многу интересни и тематски игри освен јога активностите.

Јога активен одмор , Септември 2022 Геракини, Грција

 

Љубов и светлина

Билјана Пешева ♥️

Layer 1