Духовноста е како сенка
Духовноста е како сенка.
Ја носиш со себе цело време.
Но не ја приметуваш.
Можеш да ја бараш, низ цел свет, низ разни учења и пракси, и пак на крајот сваќаш дека таа не е некаде далеку, туку тука до тебе. Залепена за тебе.
Можеш да ја практикуваш преку духовни учења, религии или спиритуални правци, како некој “паразит” кој се храни од нечие “учење“, за да пак на крајот, откриеш дека била во тебе.
Можеш да ја препознаеш во себе, по начинот на кој се однесуваш кон луѓето, кон животните или кон околината.
Можеш да ја пронајдеш во твојата љубезност, трпение, искреност, добрина или во човечките вредности кои ги зрачиш (Љубов, Ненасилство, Правилно однесување, Вистина и Служење) кои Сатја Саи Баба толку добро ги има објаснето.
Препорачувам најпрво да погледнете во себе, и да видите што и дали ја има внатре.
Дури потоа, во тие што се околу вас.
Духовноста не препознава, вера, националност, религија, пол , раса или политичка партија.
Духовноста е како сенка.
Тука е, но не се заприметува.
Така да време е да ја извлечиш од себе и покажеш на светот!
Билјана Пешева