Моментално празен: 0ден
Блог
ПЕТ ДЕНА ПРЕДИЗВИК И ПРОЛЕТНО БУДЕЊЕ СО БИЛЈАНА ПЕШЕВА
Инспирирана од мојата досегашна работа и желба да помогнам на сите оние кои имаат потреба да се ослободат од стресот, стравот и немирот, кои како емоции навистина се дел од нас, особено изминатата година, го објавувам овој пет дневен ПРОЛЕТЕН БЕСПЛАТЕН предизвик, со цел да се ослободиме од нив и ја РАЗБУДИМЕ И РАСЦУТИМЕ МАГИЈАТА ВО НАС.
Преку овој предизвик ќе добиете шанса да се поврзете со себе и својата магија и ќе го:
– Доживеете своето тело
– Доживеете своите емоции
– Ослободите од своите блокади
– Ќе искусите медитација
– Ќе се истегнете со мене
– Ќе се доживеете ПОЗИТИВНО И МАГИЧНО
Секој ден почнувајќи од 22 до 26 Март во 20.00 часот, еден час дневно, ќе практикуваме методи за подобрување на личното ментално, емотивно и физичко здравје и ќе ја разбудиме магијата во нас! Сесиите ќе ги правам преку Zoom & FB live секој ден од 20 до 21 час.
Дајте си дозвола да одвоите еден час само за себе и бидете спремни за изненадувања !
Ве чекам на Zoom на 22 Март, пријавете се ОВДЕ !
Повеќе информации за предизвикот, искуства од учесници како и БЕСПЛАТНА медитација за Љубовта, како за почеток на пролета 🙂 имате ОВДЕ
Ваша, Билјана Пешева