Моментално празен: 0ден
Јога и здравје
Онлајн Јога вежби за ваше физичко и ментално здравје

Добредојде јога сезона 2020/2021. Почнуваме на 1 Септември, 2020
Доколку сте мотивирани да работите на полето на сопствениот ментален и физички напредок и да се ослободите од секојдневниот стрес, повелете на редовните часови за стекнување на вештини за физичко и ментално опуштање, преку практикување на хата јога вежби и техники за дишење.
Вежбите се наменети за сите современи и динамични луѓе како но и за оние кои имаат акумулирано во себе напнатост или стрес а имаат потреба да се ослободат од истото. Целта на јога вежбите и техниките за дишење е да се врати рамнотежата во телото и умот , а тоа во овој момент тоа на сите ни треба!
Повелете придружете ни се на ОНЛАЈН вежбите и медитациите за ваше подобро метално и физичко здравје, преку Zoom апликација, во живо, секој од својот дом! Ќе вежбаме лесни и средно тешки ХАТА ЈОГА вежби, ќе учиме да дишеме и ќе имаме убави водени медитации.
Healthy YOGA “Јога вежби за физичко и ментално здравје”
Секој вторник и четврток 20.00-21.00
#воживо #прекузум #оддома
Часовите се изведуваат преку апликацијата Zooм. Се што треба да направите е да ја симните апликацијата на мобилен или компјутер, да најдете мирно место во вашиот дом и стабилен интернет, да извршите електронски уплата за месечно учество и да ни пишете, по што ќе добиете инструкции за учество во сесиите.
Уплатата може да ја извршите електронски на жиро сметка на здружението СУНА Хелти Лајф Скопје 300000000379694 по што се пријавувате за да добиете линк и лозинка за учество на работилницата.
Чувајте се, следите ги препораките, останете дома и задржете го доброто расположение