Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Клуб Патот на Душата: Патување кон Себе

  • 28 Апр, 2025
  • Com 0

Во секој човек постои природна потреба да се разбере себеси, да пронајде длабока поврзаност со својата внатрешна природа и да живее во согласност со тоа кој навистина е. Тоа патување кон себе не е лесно – често бара храброст, освестување и подготвеност да се соочиме со сопствените рани, стравови и ограничувања.

Во еден динамичен свет каде што сме постојано изложени на надворешни влијанија, сè повеќе луѓе чувствуваат внатрешен повик за автентичност и хармонија. Желбата да се живее од вистината на душата станува сè поголема, особено кога сфаќаме дека вистинското задоволство и мир не доаѓаат од надворешни достигнувања, туку од внатрешното единство.

Во Клубот „Патот на Душата“ кој започна со својата работа во Јануари 2025 година создаваме нов концепт, кој дојде како одговор на потребата на нашите клиенти за враќање кон себе и својата автентичност.

Нашиот Пристап

Во „Патот на Душата“ комбинираме два длабоко трансформативни методи:

🔹 Скулптурирање во психотерапија според пристапот на Вирџинија Сатир – метод кој преку телесна експресија и визуелизација им помага на луѓето да ги препознаат и разберат своите внатрешни делови, емоции и обрасци на однесување.

🔹 Семејни констелации според Берт Хелингер – техника која овозможува длабоко согледување на семејните и системските динамики што несвесно влијаат врз нашиот живот, љубовни релации, здравје и благосостојба.

Со овие два пристапа им помагаме на учесниците да ги набљудуваат своите теми и проблеми – било да се работи за љубов, здравје, финансии или односи – од една нова перспектива, која го вклучува и психолошкото и енергетското ниво на постоење.

Автентичност и Страв

Една од целите на кои работиме е враќање на автентичноста што во себе вклучува (свесност, спонтаност и автономност), карактеристики кој секој еден “Возрасен” .треба да ги развие и поседува. Но, многу луѓе започнуваат патување кон себеразвојот токму во моменти на страв – страв за здравјето, децата, односите или финансиската стабилност. Една наша учесничка кажа „Стравот орото го тера.“  И навистина, често стравот нè турка кон промена. Но нашиот КЛУБ има намера да  членовите преку работа на себе, ја надминат мотивацијата базирана на страв и да ја заменат со мотивација базирана на љубов кон себе и желба за целосен, свесен живот.

Психотерапија и Духовност – Две Страни на Исто Патување

Духовноста и психотерапијата, иако на прв поглед различни, во суштина тежнеат кон исто: враќање кон внатрешниот мир, ослободување од внатрешните ограничувања и автентично живеење.

Карл Јунг совршено ја опишува оваа внатрешна трансформација со зборовите:

„Кој гледа надвор, сонува; кој гледа внатре, се буди.“

Духовноста нè води кон освестување на повисоката смисла, а психотерапијата ни помага да ги разбереме и исцелиме раните кои стојат на патот до тоа освестување.

Зошто да чекориш по Патот на Душата?

Да се започне вакво патување е чин на храброст. Без разлика дали е поттикнато од страв или од желба за нешто подобро, секој чекор кон себе е вреден.
На „Патот на Душата“ учиме како да:

  • Се соочиме со сопствените внатрешни конфликти

  • Ослободиме стари обрасци на однесување

  • Се поврземе со својата автентичност

  • Создадеме повеќе мир, радост и спонтаност во животот

 И сакаме да ви кажеме дека во ова патување, не сте сами. Јас, Билјана Пешева, заедно со мојата колешка Анета Начевска, ќе ве подржиме со љубов, искуство и посветеност.
Нашите комбинирани знаења од психотерапија, комуникација, констелации, енерготерапија, едукација за возрасни, духовни практики и долгогодишно искуство во личен развој – ги пренесуваме во Клубот Патот на Душата каде создадовме простор за секој да може безбедно, да зачекори на патот кон себе и својата Душа. .

Те поканувам – да зачекориш и ти на својот Пат на Душата. 🌿  Кликни на копчето НАСТАНИ  и дознај за нашата наредна работилница

Споделете на:
Пролетно будење: Утрински Јога Ритуали
Патот на ослободување од емоциите: Впечатоци од промоцијата на книгата „Водич за ослободување од тага“ во Битола

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се