Моментално празен: 0ден
Јога вежби за твое физичко и ментално здравје


Доколку сте мотивирани да работите на полето на сопствениот ментален и физички напредок и да се ослободите од секојдневниот стрес, повелете на редовните часови за стекнување на вештини за физичко и ментално опуштање, преку практикување на јога вежби и техники за дишење.
Вежбите се наменети за сите современи и динамични луѓе како и за оние кои имаат акумулирано во себе напнатост или стрес и имаат потреба да се ослободат од истото. Целта на јога вежбите и техниките за дишење е да се врати рамнотежата во телото и умот.
Ефекти од редовно вежбање јога
Иако јогата како дисциплина во својата оригинална форма била наменета за духовен развој и ослободување, нејзините терапевтски и превентивни особини за првпат почнаа да откриваат на Западот пред пеесетина години. Денес јога се практикува низ цел свет а нејзините терапевтски својства се познати во научните установи, не само на Западот, туку и во земјите од Источна Европа.
Системот на јога вежби, се користат во превентивни и терапевтски цели, а се состои од јога Позиции – Асани, техники на дишење – Пранајма и техника на длабока јогиска релаксација – Јога нидра
Новости
🌿 Wellness Afterwork – нова култура на грижа и поврзување во Скопје
- 22.10.2025
Во пресрет на Светскиот ден на менталното здравје, сосема спонтано и со многу инспирација, заедно со Бојана – Мој Психолог…
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
- 02.05.2025
Постои едно предание за светиот човек, јогин и мудрец Шанкарачарја, кој во неговата младост бил приврзаник на филозофијата: “Сè е…
Пролетно будење: Утрински Јога Ритуали
- 07.04.2025
Секоја пролет во мене се буди желбата да започнам со моето најдраго кратко утринско патување – утринските јога ритуали. Зошто…




