Моментално празен: 0ден
Блог
Семејни констелации и системско скулптурирање – кога односите конечно стануваат јасни
Во мојата работа често доаѓаат луѓе со различни прашања:
„Зошто постојано бирам исти партнери?“
„Зошто се повлекувам кога некој ќе ми се приближи?“
„Зошто давам премногу, а добивам малку?“
„Зошто имам чувство дека живеам туѓ живот?“
На почетокот тие прашања изгледаат како лични избори или карактер. Но кога процесот започнува, станува јасно дека најчесто не станува збор за свесна одлука, туку за нешто многу подлабоко — за динамики што се формирале многу пред да почнеме сами да одлучуваме.
Работам со длабоко исцелителни и психотерапевтски методи, каде секој учесник добива уникатен увид и нова перспектива за темите што ги обработува.
Целта не е да им дадам совет, туку да го согледаат и трансформираат своето искуство.
А кога човек навистина ќе види — тогаш навистина почнува промената.
И во тој процес природно работам на развивање на основните психолошки капацитети на човекот (по теорија на трансакциска анализа):
-
Свесност – реално согледување на сегашниот момент
-
Спонтаност – автентично изразување
-
Интимност – вистинско поврзување без маски и глумења
- Одговорност – преземање на одговорноста за сопствениот живот и среќа
Психата и изборот на партнер
Психата, латинскиот збор за душа, е центарот на човековата благосостојба. Како што се развива нашата свест за себе и за другите, така се обликуваат и нашите односи. Одговорите на прашањата за љубовта и изборот на партнер лежат во нашите длабоки внатрешни структури и динамики.
Токму за оваа тема, често одржувам работилници преку која клиентите ги поведувам на лично патување низ два уникатни метода:
Системското скулптурирање според Вирџинија Сатир и Семејните констелации на Берт Хелингер.
Разликите и сличностите на методите
Методот на Вирџинија Сатир, познат како системско скулптурирање, се фокусира на физичко позиционирање на улогите во релациите. Овој метод преку визуелизација ја прикажува динамиката и интеракциите меѓу личностите, во нашиот случај партнерските реалции. Скулптурирањето нуди увид во улогите што ги преземаме и начините на кои тие влијаат врз нашите врски.
Од друга страна, Берт Хелингер преку неговите семејни констелации создава простор за истражување на несвесните обрасци во избор на партнер и „лојалноста“ во семејниот систем. Овој метод се користи за да ги ослободи енергетските блокади, емоционалните лојалности и наследените обрасци кои влијаат на врз нашиот избор на партнери и љубовните односи.
Системско скулптурирање, покажува како функционираме.
Семејни констелации открива зошто функционираме така.
Иако двата метода имаат различни пристапи, и двата се насочени кон ослободување на блокадите и градење на здрави и освестени врскии.
Што најчесто се открива во процесот
Во работата моите клиенти често поставуваат теми како:
• влијанието на семејната динамика врз изборот на партнер
• улоги што ги преземаме во врските
• повторувачки конфликти
• внатрешни делови и его-состојби
• стари емоционални врски што не се завршени
• несвесни обрасци што се пренесуваат генерациски
Преку заедничко истражување и споделување се појавуваат нови согледувања за љубовта и блискоста.
Искуството
2026 година ја започнав многу успешно, со веќе одржани две работилници во јануари и февруари, во интимна и длабоко поддржувачка средина.
Се отворија многу процеси и се открија скриени динамики и лојалности.
Она што најмногу ги изненади луѓето не беше информацијата — туку јасноста што ја добија.
Многумина си заминаа вчудоневидени од моќта на работата и чувство дека нештото што ги мачи конечно дошло на свое место.
За Билјана Пешева
Билјана Пешева е автор, тренер, јога инструктор и терапевт во семејни констелации, со над 25 години искуство во личен развој, ментално здравје и холистички практики.
Креатор е на програмите:
„Свесно здравје“, „Создади нова слика за себе“, „Движи се со леснотија“, „Научи како да ја зголемиш својата самодоверба“, „Ослободување од потиснати емоции“, „Циклус спиритуални работилници“, „Ментално и емотивно исцелување“, „Научи како да постигнеш своја цел“ и редовно води процеси за ментално и емотивно созревање на социјалните мрежи.
Повеќе од 30 години е практикант и проучувач на психолошки правци, класична јога, медитација и техники на дишење.
Семејни констелации изучува кај Андреј Каримов според методологија што вклучува и шамански енергетски пристап, кој овозможува подлабок увид во поставените проблеми и состојбите што се појавуваат во полето.
————————————————————————————————————————————————————————————————
#семејниконстелации #системскоскулптурирање #личенразвој #менталноздравје #емоционалноисцелување #свесност #самоспознавање #психологија #односииљубов #партнерскиодноси #внатрешнодете #освестување #трансформација #работанасебе #холистичкипристап #духовенразвој #психотерапија #автентичност #самодоверба #животниобрасци #исцелување
#BiljanaPesheva #БилјанаПешева #HealthyLifeSkills #ХелтиЛајфСкиллс #mindfulness #healingjourney #selfawareness #innerwork


