logo

Ексклузивен курс за креирање на позитивна слика за себе !

Што ќе добиете од овој курс?

Ќе ја смените перцепцијата за тоа како се гледате себе си, ќе добиете внатрешна но и надворешна нова позитивна слика за себе.

За кој е наменет овој курс?

Овој курс е наменет за секој еден кој сака да почне да се гледа себе на позитивен и афирмативен начин и сака да престане да се критикува себе си и да се сомнева во своите вредности и квалитети.

Што ќе работите на овој 4  неделен курс?

Вие ќе усвоите нови знаења и вештини за важноста на постоењето на позитивна слика за себе (Self Image). Ќе научите  како може да се ослободите од старите и негативни програми и ќе усвоите вештини како да  креирате нова слика за себе, со цел да ја изразите својата автентична извонредна природа. Покрај тоа што ќе работите на внатрешен план и ќе создадете  нова позитивна слика за себе, како резултат на овој курс ќе добиете и лична професионална фотографиија која ќе ја манифестира вашата внатрешна промена.

Специјално за учесниците на овој курс, ги договорив моите пријатели, кои работат на релација Словенија Македонија, од студиото “Frozen Time Drops”, да направат професионални фотографии, за да и на надворешен план создадете нова слика за Вас.

За време на целиот курс ќе ги обработиме следните теми:

– Психологија на постоењето на лична слика (Self Image) и важноста на постоење на позитивна слика за себе
– Ќе правиме проценка на лична слика и тоа на:
– Психолошко ниво: како ја проценувате својата личност
– Интелектуално ниво: како  ја проценувате  својата интелигенција
– Лични вештини:  како ги проценувате своите вештини
– Лични вредности: Како  ги проценувате своите вредности и принципи
– Лична сексуалност: како се чувствувате во својот пол и улога и вклопување во машките/женски норми на општеството.
– Проблемите што се јавуваат кога сте опседнати или не сте опседнати со себе
– Ќе работиме вежби и задачи за создавање на позитивна слика за себе
– Ќе работиме медитации за создавање на позитивна слика за себе

Како резултат на овој курс вие ќе имате две придобивки

– Внатрешна придобивка: ќе сoздадете извонредна слика за себе во себе, и
– Надворешна придобивка: ќе добиете совршена професионална фотографија од себе за себе

Начин на работа  ONLINE – преку Zoom  и преку затворена ФБ група
Сесиите ќе се снимаат и ќе бидат достапни за гледање во затворената група до крај на програмата

Месец АПРИЛ месец на содавање на НОВ ИМИЏ ЗА СЕБЕ
Секоја среда во 20.00 час имаме онлајн во живо 2 часовна сесија преку ZOOM
Секој петок добивате материјали и вежби преку затворена ФБ група
Фотографирањето ќе биде на 24 Април (сабота), по протокол за заштита од КОВИД и однапред договорени термини на фотографирање за секој учесник оделно.

Почеток  7 Април 2021 (среда). Курсот ќе трае до 30 Април 2021 (петок)

ЦЕНА И  УСЛОВИ ТУКА

ЗА ИСКУСТВА ОД УЧЕСНИЦИ КЛИКНИ ОВДЕ

Layer 1