Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Иновативен рецепт за успех кај младите – Развој на меки вештини

  • 09 Јул, 2023
  • Com 0

Во оваа нова време на подем на технологијата, брз проток на премногу информации,  постоење на многу игри и апликации кои го земаат времето и фокусот на младите, развивањето на меки вештини е од суштествена важност.

Четринесетгодишниот Ведран има проблем во социјалната комуникација. Тој е раздразлив, често нервозно ги мрда рамениците, прави движења т.н. “dab”  (движење со рацете како што прават блогерите на Youtube), и  ги грицка ноктите особено кога е многу  нервозен . Кога  некој авторитет, на пример професор  ќе го праша нешто тој најчесто мрмори сам за себе и гледа во подот, наместо да воспостави контакт со очите и да му одговори. Има еден до двајца другари со кои ретко се гледа, но затоа има многу пријатели преку социјалните мержи со кои зборува нон стоп преку интернет. Во вистинската комуникација е слаб во изразување. Тој е многу интелигентен, но неможе убаво да се изрази на македонски јазик бидејки повеке ги владее англиските зборови. Неговата ниска самодоверба не му дозволува да учествува во училишните активности.

Тринаесетгодишната Миа има нервозен и избувлив карактер. Таа смета дека убавината и изгледот е се што е потребно во овој свет. Целиот свет и се случува  преку социјалните мрежи но во пракса нема ниту една другарка. Понекогаш се зближува  со некоја другарка за одредено време но потоа започнува компетиција меѓу нив две, која обично завршува со кавга, оговарање или навреди. Завидлива е на успехот на другите деца и се обидува да ги омаловажи screen-shoot-нувајќи нивни слики од социјалните мрежи и ширејки ги да други деца. Нема концентрација да чита и да учи долги лекции.

Ако сте родител на такво дете, нема да биде тешко да го препознаете својот син/ќерка во овој опис и да го идентификувате неговиот проблем. Тој е како еден дијамант кој треба да се исполира за да свети (читај успее !) во животот. Тоа е тоа што развојот на меките вештини го прават кај децата. Тие ги тријат оштрите врвови на една личност и му помагаат да успее во релациите, комуникацијата, изборите и животот воопшто.

 

Што се меки вештини?

Кај нас во слободен превод меки вештини (soft skills на англиски) би се превело како “Развој на интерперсонални вештини”, и претставуваат социолошки термин кој се однесува на  степенот на  Емоционалната интелигенција  (EQ) која личноста ја има. Под овој термин влегуваат следните карактеристики која една личност треба  да ги има развиено: добри манири, оптимизам, здрав разум, смисла за хумор, емпатија, способност да соработува и да преговара. Сепак емоциите се манифестираат преку комуникацијата. Обично комуникацијата ја разбираме како рационален процес, со што преку зборови се пренесува некоја информација до соговорникот. Но, зошто тогаш  погрешно не разбираат луѓето? Највероватно затоа што вербалната комуникација поминува низ нашите емоции и како таква се перципира од соговорникот. А  емоциите кои ги зрачиме се начин на кој ние ги информираме другите за тоа до каде сме во нашиот живот !  Емоциите се тие кои не одредуваат во релациите со другите луѓе. Дополнително на ова развој на меките вештини (soft skills) кај една личност  го надополнува и влијае врз  развојот на т.н тешки вештини (hard skills) односно степенот на интелигенција (IQ) на личноста кој се гради и расте најизразено во пубертетот кај  младите.

Со други зборови, додека тешките вештини се однесуваат на академски,стручни и технички знаења и вештини, меките вештини се однесуваат на широките лични и интерперсонални вештини кои се нематеријални и тешко се дефинираат уште потешко набљудуваат или мерат.

Знаеме дека денес клучно за кариерниот или професионален развој на личноста е да има научено меки вештини кои некогаш можат да се одлучувачки фактор за тоа дали ќе ја примат или прифатат во некое школо, факултет или во нова средина а покасно  и на работа. Токму затоа, покрај стандардните квалификации, денес работодавците се повеќе бараат личности кои имаат вложувано во развојот на своите меки вештини.

За воља на вистината кај нас, обуките за меки вештини најмногу се застапени во корпоративниот сектор или пак постојат на факултетите како дел од некој предмет но потребата за оваа едукација особено кај младите кои одат во класично образование несомнено изостанува бидејќи нашиот образовен систем сеуште не е прилагоден на новиот отворен интернет свет во кои младите денес се живеат.

Учењето и усвојувањето на новите знаења кои меките вештини ги внесуваат во животот на една личност дава огромна предност во социјалната комуникација, која пак ќе и помогне на личноста во насочувањето на сопствениот понатамошен кариерен и професионален развој !

Животни и меки вештини

Најчесто овие два термина животни вештини и меки вештини се користат наизменично или заедно, но  всушност меки вештини се подмножество од животните вештини, кое е  е сепак еден поширок концепт.

Меките вештини се однесуваат на надворешниот свет и во себе вклучуваат комуникација и однесување. Заедно со подигнувањето на меки вештини, важно е да се создадат  животни вештини кои се однесуваат на внатрешниот свет на вредности кај личноста,  се со цел да формира здрав ум, здрави релации и односи со светот, со околината и со себе. Сликовито да објаснам на пример ако развојот на меките вештини претставува градење на една модерна голема зграда,  животните вештини се темелите на кој зградата се издига !

Кое е значењето на животните и меките вештини во овој глобализиран свет ?

Во овој денешен свет полн со конкуренција, вредноста на меките вештини е повеќе од неопходна. Психолозите велат дека успешен човек е оној кој, не само што може да да ги одбрани своите ставови, туку и кој може да  го пренесе своето знаење, кој може да слуша, да сочуствува односно  да ја разбере ситуацијата од гледна точка на другиот. Развојот на животни и меките вештини добиваат се поголемо значење во денешниот свет, бидејки  младите се бомбардирани од толку многу нереални пораки од филмовите, социјалните мрежи и врсниците. Тие освен тоа што треба да завршат академско образование и добијат диплома треба и да се вработат, па затоа е неопходно да научат како да се справат со животот, со своите емоции и како да изградата релации со врсниците.

Животни вештини кои младите треба да ги развиват вклучуваат во себе усвојување и практикување:  свест за себе и своето место во општеството, техники за донесување одлуки, решавање проблеми, креативно размислување, критичко размислување, емпатија, справување со емоции и стрес, комуникациски вештини, финансиски вештини и друго.

Дефинитивно денес во Македонија повеќе од потребни ни се сигурни и избалансирани личности кои ќе можат одговорно да ја превземат идинината  за да бидат покасно нова работна сила, која ќе донесе нови позитивни и човечки вредности во нашето општество.

Време е да го пробаме овој нов рецепт за успех за добро на нашите деца !

М-р. Билјана Пешева

Професионален обучувач за возрасни и јога инструктор

 

Споделете на:
Приказна за Буда и неговата сенка
Фрижидер

Последни постови

Thumb
Како сликата за себе влијае врз нашиот
18 Мај, 2026
Thumb
Wellness Afterwork – Моќта на границите и
14 Мај, 2026
Thumb
Пролетно будење: Утрински Јога Ритуали
24 Мар, 2026

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (189)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (65)
  • Курсеви (12)
  • Личен развој (93)
  • Настани (51)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2026 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се