logo

Јога вежби за физичко и ментално здравје

Доколку сте мотивирани да работите на полето на сопствениот ментален и физички напредок и да се ослободите од секојдневниот стрес, повелете на редовните часови за стекнување на вештини за физичко и ментално опуштање, преку практикување на јога вежби и техники за дишење.

Вежбите се наменети за сите современи и динамични луѓе како и за оние кои имаат акумулирано во себе напнатост или стрес и имаат потреба да се ослободат од истото. Целта на јога вежбите и техниките за дишење е да се врати рамнотежата во телото и умот.

Јога како начин на живот

– го намалува нивото на акумулиран стрес во телото и умот;
– го подобрува психо-физикото здравје;
– ја зголемува мотивацијата и ентузијазмот на личен и професионален план;
– ја потикнува самодовербата;
– ја зголемува личната продуктивност и способност;

Layer 1