Моментално празен: 0ден
Настани
Јога вежби со стап во природа
Многу луѓе мислат дека истегнувањето е само за оние кои вежбаат, но во суштина истегнувањето е потребно на сите, без разлика дали и колку се физички активни. Тоа е потребно за да ја одржиме мобилноста на нашиот мускуло-скелетен систем. Едноставно истегнувањето треба да биде секојдневна рутина за секој еден од нас и доволно е некогаш само петнаесетина минути наутро или навечер да направите за да си ја подгнете енергијата на своето тело и ум.
Затоа ве поканувамe во недела на 23 Август 2020 да дојдете на час во природа , на јога час со лесни и средно тешки јога вежби со истегнување со стап.
Редовно вежбање на јога вежби со стап носи три бенефити за нас:
1.Енергетски бенефит
Вежбањето со стап ја подобрува работата на енергетското тело, се подобрува циркулацијата а со тоа помагаме на животната исцелителна енергија или прана да тече непречено и ги храни и исцелува сите клетки и ќелии од нашето тело.
2. Бенефит за физичко тело или за мускулно-скелетниот систем
Преку редовно вежбање на вежби со стап се корегираат вратните и торакалните мускули, со што се подобрува функцијата на гастоиндигесталниот и кардиоваскуларниот систем, но и се подобрува работата на екстремитетите (нозете и рацете). Друг бенефит на вежбите со стап е што може да се вежбаат за различни групи на мускули, брзо или споро во зависност од возраста на практикантот.
3. Бенефит односно корекција на рбетниот столб
Рбетен столб е од суштествена важност за нашето физичко и енергетско тело. Од неговата поставеност (исправеност) зависи циркулацијата на крвта. Преголемото седење пред компјутер, ТВ или мобилен ги вкочанува вратните пршлени или/и го искривува рбетниот столб, кое на долг рок може да донесе вртоглавици, главоболки и други болни симтоми. Зголемување на циркулација на крвта низ целото тело, а особено низ рбетниот столб ја подобрува целокупната ваша ментална, емотивна и физичка состојба.
На часот ќе располагаме со дваесетина стапови со должина од 1 метар, па ако немате ваш стап можете да го користете нашиот. Доколку имате стап за вежбање кој е подолг од 1 метар, пожелно е да го земете со себе.
Дата: 23 Август (недела) 2020 од 18.00 час до 21.00 час
Местото на одржување е во целосно урбанизиран дел од с.Долно Соње, лесно пристаплив со кола или автобус (58 ца). Ќе работиме во природа. Понесете си: ваш jога мат (простирка), нешто топло за навечер, нешто за прскање против мушички, и ваше добро расположение.
Часот ќе го води Билјана Пешева
Партиципација 300 мкд Уплатата може да ја извршите електронски на жиро сметка на СУНА Хелти Лајф Скопје 300000000379694
Контакт healthyyogaskopje@gmail.com или вибер 070.234.740
Не заборавајте дека ги следиме препораките за заштита од КОВИД-19, на овие часови во природа. Држиме дистанца, се дезинфицираме и носиме маски.