Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Јога вежби со стап и медитација во природа

  • 28 Јул, 2022
  • Com 0

Многу луѓе мислат дека истегнувањето е само за оние кои вежбаат, но во суштина истегнувањето е потребно на сите, без разлика дали и колку се физички активни. Тоа е потребно за да ја одржиме мобилноста на нашиот мускуло-скелетен систем. Едноставно истегнувањето треба да биде секојдневна рутина за секој еден од нас и доволно е некогаш само петнаесетина минути наутро или навечер да направите за да си ја подгнете енергијата на своето тело и ум.

Редовно вежбање на јога вежби со стап носи три бенефити за нас:

– Енергетски бенефит. Вежбањето со стап ја подобрува работата на енергетското тело, се подобрува циркулацијата а со тоа помагаме на животната исцелителна енергија или прана да тече непречено и ги храни и исцелува сите клетки и ќелии од нашето тело.
– Бенефит за физичко тело или за мускулно-скелетниот систем. Преку редовно вежбање на вежби со стап се корегираат вратните и торакалните мускули, со што се подобрува функцијата на гастоиндигесталниот и кардиоваскуларниот систем, но и се подобрува работата на екстремитетите (нозете и рацете). Друг бенефит на вежбите со стап е што може да се вежбаат за различни групи на мускули, брзо или споро во зависност од возраста на практикантот.
– Бенефит односно корекција на рбетниот столб. Рбетен столб е од суштествена важност за нашето физичко и енергетско тело. Од неговата поставеност (исправеност) зависи циркулацијата на крвта. Преголемото седење пред компјутер, ТВ или мобилен ги вкочанува вратните пршлени или/и го искривува рбетниот столб, кое на долг рок може да донесе вртоглавици, главоболки и други болни симтоми. Зголемување на циркулација на крвта низ целото тело, а особено низ рбетниот столб ја подобрува целокупната ваша ментална, емотивна и физичка состојба.

————————

Затоа Ве покануваме во сабота на 28 Мај 2022 да дојдете на час во природа , на јога час со лесни и средно тешки јога вежби со истегнување со стап, проследено со  долга и убава медитација на зајдисонце.

На часот ќе  располагаме со дваесетина стапови со должина од 1,5 метар, повеќе стапови од 1 метар  па ако немате ваш стап можете да го користете нашиот. Доколку имате стап за вежбање кој е подолг од 1 метар, пожелно е да го земете со себе.

Дата:  28 Мај (сабота) 2022 од 17.30. час до 20.00 час во Куќата со Лавовите

Местото на одржување е во целосно урбанизиран дел од с.Долно Соње, лесно пристаплив со кола или автобус (58 ца). Ќе работиме во природа. Понесете си: ваш jога мат (простирка), нешто топло за навечер, нешто за прскање против мушички, и ваше добро расположение.

Часот ќе го води Билјана Пешева, јога инструктор во Healthy YOGA

Партиципација за оваа средба е 300 мкд Уплатата може да ја извршите електронски на жиро сметка на СУНА Хелти Лајф Скопје 300000000379694

НАПОМЕНА:  За практикатните на редовните Мај-ски ЈОГА часови кои се одвиваат онлајн преку платформата Zoom  секој вторник и четврток  овој час е бесплатен.

Контакт healthyyogaskopje@gmail.com или вибер 070.234.740

Тагови:
#biljanapeseva#energy#hathayoga#healing#yogaclass#yogalife
Споделете на:
Јунски летни и лесни ЈОГА вежби во природа
Викенд семинар во природа "Ослободи се од минатото и изгради нова визија за себе"

Последни постови

Thumb
Wellness Afterwork & Релациските потреби: Науката и
03 Мар, 2026
Thumb
Како наследството од нашите предци влијае на
02 Мар, 2026
Thumb
Скулптурирање на односите – кога внатрешниот свет
16 Фев, 2026

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (186)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (64)
  • Курсеви (11)
  • Личен развој (91)
  • Настани (51)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2026 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се