Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Јога пикник #ПикникМат #ЈогаМат

  • 02 Авг, 2022
  • Com 0

Ако некој ве праша, несомнено би се согласиле дека целта на животот е да уживаш во него. Но сепак многу луѓе се соочуваат со стравови, неволји или пак нереални очекувања, со што, особено во последните месеци, го доживуваат својот живот како тешко место за живеење.

Јогата е канал преку кој можеме да воспоставиме контакт со себе. Јогата внесува надеж во животот, бидејќи го враќа балансот на умот и телото. Јогата внесува здравје таму каде што го нема, но и мир и единство таму каде што е изгубено.

Од друга страна, во секојдневниот живот, особено последните месеци, ние, љубителите на јогата и здравиот начин на живот, навистина си недостигаме еден со друг. Знаете ли дека во филозофијата на африканските племиња стои дека ние луѓето живееме преку другите човечки битија. На пример, едно бебе не може да преживее без добрината, контактот, допирот и љубовта на „големите” луѓе во неговиот живот. Оттука за здрав психофизички развој, нам како човечки битија, потребно ни е да оствариме контакти, да размениме енергија, да добиеме потврда за тоа – кои сме и што сме (вербална и невербална), да размениме мислења и по некој рецепт за здрава храна, меѓу нас!

Нашиот Живот, Јогата и Луѓето (со исти или слични верувања), се местата каде што можеме да си направиме своја оаза, која ќе ја исполниме со леснотија, љубов, здравје и неизмерна радост. Ете така ќе ја подобриме и подигнеме својата психо-физичка состојба и витална енергија и нашиот живот ќе стане убаво и лесно место за живеење.

Затоа се решивме да направиме со Вас, Јога Пикник ден !

Ве покануваме да направите пауза од секојдневието и го искористите до максимум денот за себе, да дојдете да вежбате, да медитирате, да танцувате и јадете со нас.

Сè што треба да направите е да дојдете на целодневниот јога настан, на отворено, во природа, на 30 Август 2020 (недела), со почеток 12.00 час.

Настанот ќе се одвива во целосно урбанизиран дел во с Долно Соње лесно пристаплив со кола или автобус (58 ца).

Програма:
12.00 -13.00 Пристигнување и запознавање на учесниците
13.00-14.15 Јога за почетници со Савица Петровска
14.30-15.45 Јога за имунитет со Ирена Апостолова (In Spiritu)
15.45 -16.15 Пауза
16.15- 17.00 Водена медитација и Танцувачка јога со Билјана Пешева (Healthy YOGA)17.30-18.30 Јога пикник
18.30 – 20,00 Sungazing & прашања и одговори

Задолжително е:

1. Да го најавите вашето учество на следниот линк: https://forms.gle/arXcnhiz3mVWW5dY7
2. Да го донесете ваш најздрав “специјалитет” домашно подготвен кој не содржи месо и риба
3. Да го постирате вашиот рецепт на евентот со #HealthyYogaPicnic #YogaMat #PicnicMat
4. Да понесете топла облека за навечер (нека не ве лажат температурите во Скопје, овде е доста свежо навечер)
5. Понесете си своја чаша, чинија,прибор за јадење и вода за пиење
6. Да се држите на временскиот распоред и го почитувате времето во програмата
7. Да бидете присутни на сите сесии
8. Да си понесете ваш јога мат за вежбање, средство за против комарци и шал за покривање
9. Да носите маска и да држите растојание

Партиципација за настанот е 300 мкд
Уплатата може да ја извршите електронски на жиро сметка на
СУНА Хелти Лајф Скопје 300000000379694

Излезете од секојдневието, подобрите и подигнете ја својата психо-физичка состојба и витална енергија !

Не заборавајте дека ги следиме препораките за заштита од КОВИД-19, на овие часови во природа. Држиме дистанца и носиме маски.

А поздравот е Насмате 😊

Тагови:
#biljanapeseva#hathayoga#healthylifeskills
Споделете на:
Системски интегриран тренинг за емоционално ослободување по методот на психологот Филис Кристал
Јога вежби со стап во природа

Последни постови

Thumb
Пролетно будење: Утрински Јога Ритуали
24 Мар, 2026
Thumb
Wellness Afterwork & Релациските потреби: Науката и
03 Мар, 2026
Thumb
Како наследството од нашите предци влијае на
02 Мар, 2026

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (187)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (65)
  • Курсеви (11)
  • Личен развој (91)
  • Настани (51)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2026 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се