Зачекори на златниот пат во Новата 2022 година
Можеби нашиот живот е исполнет и удобен, но секогаш има место за негово подобрување, нели?
Можеби ни недостига ментална бистрина, емотивно ослободување или пак едноставно група и подршка од исто мисленици, која ќе не слушне, стимулира и инспирира, додека чекориме по патот на личниот успех и извонредност.
Така е!
На сите ни треба тоа, но за да се случи, мора секој еден од нас да го направи првиот чекор и да се приклучи на една таква група.
Нели?
Многу сум среќна што таа група е “мојата група” на извонредни и успешни жени, кои доаѓаат и активно учествуваат на моите програми за личен развој и јога часови и кои неуморно работат на подобрување на своето емотивно, ментално и физичко здравје.
И пресреќна сум што синоќа, дел од овие извонредни жени, се охрабрија и дојдоа во живо да ги споделат своите лични искуства, стравови, радости но и успеси за годината која изминува.
Токму поради сите нив, јас сум благодарна дека можам да ја исполнам својата мисија и служам како подршка, инспирација и потик на многумина од Вас.
Да не бевте сите Вие јас немаше да бидам тоа што сум.
Задоволство е да се види како полека прераснуваме во голема група на жени кои си помагаат и се инспирираат меѓу себе и се трансформираат на патот на личниот ментален, емотивен и физички развој.
Сите ние сме започнале со одлука, да свртиме нов лист во својот живот и да најдеме некој или нешто што не инспирира и лично трансформира.
Всушност, сѐзапочнува со еден чекор. Чекор кој те носи на твојот златен пат на лична трансформација!
Дали си спремна да го направиш тој чекор во Новата 2022 година ?
Ако си спремна пиши ми во инбокс или ДМ и ќе ти пратам информации за моите нови програми и активности!
Љубов и Светлина, Биби Пешева





