За да започнеш да се гледаш подобро, смени си ги леќите!
Последниве години работам со една многу моќна техника наречена размислување за тоа како се перципираш себе си или популарно наречена нов селф имиџ.
Замислете дека слика за себе е како слика која ја гледате преку леќата на еден фото апарат.
Леќата ве условува како гледате, што гледате и каков е светот околу вас.
Важно е да знаете дека леќата е филтерот кој ги поставува границите за вашето искуство и вашите избори во животот.
На пример луѓето кои што имаат доминантно чувство срам во себе се гледаат себе си како не доволно добри. Личноста која го има срамот како доминантно чувство, не е ни свесна за својата негативна слика за себе, пред се поради нејзиното лажно само прикривање.
За жал го живееме животот толку идентификувани со нашата улога или животното сценарио, што не сме ни свесни за нашите најдлабоки чувства за себе и за тоа како се гледаме себе си.
Животното сценарио е нашиот несвесен напишан план кој сме го креирале во нашето раното детство, и каде има прецизни заплети, какви што може да смисли еден креативен детски ум, кога се чувствувал повреден од пораките што ги добивал од возрасните и поради неисполнување на сопствените потреби.
Кога веќе ќе пораснеме, сценариото го играме несвесно иако повремено се прашуваме зошто мене ова постојано ми се случува.
Освестувањето на сценариото овозможува отвoрање на нови можности во животот, нови релации, промена на позиции, ослободување од манипулативни комуникации кои упорно и упорно се повторуваат. Освестувањето на сценариото е процес кој бара време и посветеност.
Наместо да очајувате дека тоа е долг и макотрпен процес, направете го првиот чекор и започнете со “чистење” на леќите кои ги носите.
Овде сакам да ви посочам дека преку пет неделниот курс СОЗДАЈ НОВА СЛИКА ЗА СЕБЕ делумно допираме до содржини и пораки кои несвесно сте ги усвоиле во вашето детство односно работиме на “чистење” на леќата преку која го гледате светот и се гледате себе си.
Работиме Онлајн во живо секоја среда почнувајќи од 9 Март 2022 но тоа што е интересно на овој курс е што покрај тоа што работиме на себе на внатрешен план, работиме и на надворешен план преку организирано професионално фотографирање. Па учесниците на овој курс добиваат и професионални нови позитивни фотографии за себе кои можат да си ги користат за лични потреби. Фотографирање го прават прекрасните Анѓела и Софи од Frozen Time Drops, со чија што помош вистински ја менуваме леќата на внатрешниот фотоапарат за тоа како се доживуваме и гледаме себе си.
Учењето и личниот развој е процес за кој треба време и посветеност, па Ве поканувам да го започнете тој процес сега заедно со мене во оваа успешна програма.
Овој курс го имаат поминато до сега 40тина учесници.
Курсот “СОЗДАЈ НОВА СЛИКА ЗА СЕБЕ ми даде подлабок увид во причините поради кои понекогаш се саботирам себеси, како и во причините кои лежат во позадината на некои мои реакции и ставови. Со сето ова ми се роди уште поголема желба да работам на себе и се подобрувам” изјави една учесничка на ова пет неделно патување кон себе.
Информации за предходните курсеви и фото сесии може да видите на следните линкови
Учествувај на пет неделниот курс за градење на позитивна слика за себе со Билјана Пешева
Пријави се веднаш. За рана уплата има вклучен попуст!