Моментално празен: 0ден
Активен одмор
“Yoga & Digital Detox” активен камп
Од 16 до 23 Септември 2018 година во Геракини, Грција се одржа 7 (седум)дневен активен камп “Yoga & Digital Detox” во Грција на тема “Активирај го детето во себе”. Кампот беше наменет за подобрување на сопственото физичко и ментално здравје преку јога вежби, медитации и техники на дишење (кои се одржуваа на изгрејсонце и зајдисонце) но и за будење на внатрешните потенцијали и пронаоѓање на сопствените извори на среќа и радост кои се реализираа преку вечерни работилници. Секој ден имавме различна тема и содржина, секој ден нови искуства и увиди за себе, секој ден пријателствата беа подлабоки и поискрени бидејки секој еден од учесниците пронаоѓаше начин како да го извади најдоброто од себе. И тоа што инспирира, е тоа што без разлика на возраста или искуството во практикување јога, секој еден од учесниците успеа да го активира детето во себе односно да допре до изворот на сопствената радост и среќа. И тоа се гледа на сликите! Ова беше вистинска недела за памтење ! Уживајте во сликите и следете не за сите наши наредни кампови!
За повеќе слики од овој камп кликнете ТУКА