Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Во клубот Патот на Душата ќе стасате до својата автентичност, спонтаност, свесност и интимност

  • 04 Мар, 2025
  • Com 0

Во современиот свет, полн со надворешни влијанија и напнатости, многумина од нас се чувствуваат изгубени и одвоени од својата суштина. Внатрешниот конфликт помеѓу она што навистина сме и она што се очекува од нас, создава длабок дисбаланс, кој не само што влијае на нашето ментално здравје, туку и на целокупниот work- life баланс и животот воопшто.

Но, сега постои начин како да се вратите на својот пат, патот по кој вашата душа копнее.

Со големо задоволство сакам да ви објавам дека јас, Билјана Пешева и Анета Начевска, го основавме Клубот Патот на Душата, кој е уникатно патување кон самоспознание и личен раст и развој. Клубот е наменет за лица кои сакаат да работат на себе и својата автентична природа преку развивање на свесност, спонтаност, интимност и одговорност, користејќи модерни и древни терапевтски методи.  Патот на Душата е клуб каде ќе учите како да ги трансформирате своите предизвици за да дојдете до вистинскиот копнеж на вашата душа. Во рамките на клубот ќе работиме работилници и едукации поврзани со враќање на автономноста на личноста во свои раце за што подготвивме серија на интересни полни со содржина и вежби.

Затоа, првата работилница во рамките на клубот Патот на Душата  е на тема Aвтентичност, бидејќи автентичноста е директно поврзана со копнежот на нашата душа. Оваа уникатна работилница ќе ве донесе до вашата автентичност и тоа преку методот “Скулптурирање” на Вирџинија Сатир. Оваа техника користи интеграција на системски пристап и психотерапевтскa методa, и има за цел да ви помогне да ја отклучите својата автентичност и да најдете внатрешна рамнотежа.

Методот на скулптурирање – Како функционира?

Методот на скулптурирање претставува визуелна и телесна техника што овозможува симболичко претставување на внатрешните состојби, емоции и односи. Наместо само вербална анализа, овој пристап ќе ви овозможи:

  • Физичко организирање на психолошките состојби во просторот
  • Препознавање на несвесните динамики што влијаат на нашето однесување
  • Изнаоѓање нови перспективи и стратегии за личен раст
  • Интегрирање на внатрешните делови за постигнување на емоционална и ментална рамнотежа и баланс со вашата душа

Со оваа техника, учесниците можат буквално да ја „видат“ својата психолошка реалност, што е клучен чекор кон длабока трансформација и поврзаност со себе и својата автентичност.

Патот на душата – патот на автентичноста

Време е да зачекорите на ова трансформациско патување. Откријте ја својата автентичност, ослободете се од ограничувачките обрасци и најдете ја внатрешната рамнотежа што ве води кон посреќен и исполнет живот.

🌟 Не дозволувајте минатото да ја диктира вашата иднина. Научете како да ја обликувате вашата сегашност со јасност, свесност и автентичност. 🌟

🔗 Пријавете се денес и направете чекор кон вашиот личен раст!

Зошто оваа работилница е посебна?

✅ Ќе имате можност да го доживеете сопствениот внатрешен свет на поинаков начин

✅ Ќе работите со искусно водство, кое ќе ви помогне да ги интегрирате внатрешните делови и да најдете нова рамнотежа во животот

✅ Ќе направите чекор кон длабока трансформација и целосна поврзаност со себе

✅ Ќе ги осознаете своите ограничувачки верувања и ќе најдете нови начини за личен развој

За работилницата

📅 Датум: 9 Април 2025
📍 Локација: „Психофокус – Советувалиште за психотерапија и советување“, Скопје
🕙 Време: 17:00 – 21.00 часот
💎 Методи: Системско скулптурирање

🔗 Пријава: Регистрирај се овде

Водители на работилницата

✨ Билјана Пешева – автор, тренер, јога инструктор и wellness coach со повеќе од 25 години искуство во областа на менталното и емотивното здравје, личниот развој и холистичките практики. Сертифициран тренер за меки вештини и терапевт во семејни констелации, Билјана комбинира современи и древни техники за намалување на стресот и постигнување на животна хармонија.

✨ Анета Начевска – специјалист по медицинска психологија, системски семеен терапевт, национално квалификуван обучувач за возрасни и терапевт во семејни констелации, со повеќе од 15 години искуство во областа на психотерапијата.

Споделете на:
Јануарски спиритуални работилници и личната духовност
Патување кон исцелување: Петдневен предизвик за ментално и емотивно ослободување

Последни постови

Thumb
Од судбина до избор – Храброста да
11 Сеп, 2025
Thumb
Време е за ново образование во Македонија:
30 Авг, 2025
Thumb
Илинден – ден кога ја кренавме главата…
02 Авг, 2025

Категории

  • Активен одмор (32)
  • Блог (174)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се