Моментално празен: 0ден
Блог
Внатрешниот мир како дел од психолошкото здравје

Понекогаш, иако сме опкружени со убави луѓе, “фенси” работи и исполнети цели, некако ни недостига – нашиот внатрешен мир.
По повеќе од 15 години работа со луѓе во процеси на личен развој, јасно ми е дека не е толку важно што постигнуваме во надворешниот свет, колку што е важно како се чувствуваме во себе. Затоа, во сите мои работилници, ретрити и часови, повторно и повторно се навраќам на ова прашање:
👉 „Како си ти, внатре во себе?“
Кога последен пат почувствува мир?
Многу од нас живеат на автопилот. Работни обврски, семејни улоги, амбиции… А во целата таа трка – забораваме да застанеме и да се запрашаме:
„Дали сум јас вистински присутен/а во сопствениот живот?“
Мирот не е само да немаме стрес. Тоа е состојба на свесност, прифаќање и присуство. Тоа е квалитет на живот кој се негува одвнатре. И да – бара работа, трпение и љубов.
Но, зошто ни е толку тешко?
Еден мој учесник на ретритот во Албанија ми рече:
„Мислев дека ќе дојдам само на јога. Но тука најдов дел од себе кој одамна го изгубив. Првпат почувствував вистински мир. И не, не беше тишината, беше чувството дека конечно сум безбедна во себе.“
– Јуле, 45 г.
Овој мир не доаѓа од надворешниот свет, туку од нашата внатрешна состојба – потсвеста, спомените, детските искуства, навиките. Замислете ја вашата свест како градина. Мислите се семиња. Ако редовно посејувате мисли на страв, грижа и вина – што ќе добиете?
Затоа велам – пред да „мислиме позитивно“, треба да ја прочистиме и нахраниме почвата. Да ги препознаеме корените на лутината, незадоволството, стрес. Да си дозволиме да почнеме одвнатре.
Мои 5 алатки за негување на внатрешен мир:
-
Свесно дишење – секое утро, 5 минути биди само со својот здив. Тоа ме поврзува со моето вистинско Јас.
-
Прашање на денот – „Што ми е најважно денес?“ (и додека се излеживам во креветот си одговарам).
-
Ментална хигиена – како што ги миеме забите, така треба да ги прочистуваме и мислите.
-
Телесна свесност – јога, прошетка, танц – нешто што ме враќа во контант со себе.
-
Благодарност – секој ден запишувам барем 3 работи за кои сум благодарна.
А што со лутината?
Лутината е природна. Но дали ја слушаме или ја потиснуваме? Таа е гласот на нашето внатрешно дете кое нешто ни вели. И ако не му дадеме внимание, тоа ќе продолжи да вика преку телото, емоциите, и нашите реакции.
Кога сме лути:
-
Застанете.
-
Пијте вода (ладната вода го лади огинот во нас)
-
Излезете на воздух.
-
Погледнете се во огледало и прашајте:
„Што навистина ми треба сега?“
Прашања за размислување:
-
Што постигнав оваа година до сега и што ме исполнува?
-
Кога последен пат реков „не“ на нешто што ми штети?
-
Што ми носи мир? (и дали си го дозволувам тоа доволно често?)
Во моите програми, луѓето најчесто не бараат техники, туку простор за да се вратат кон себе. Простор каде ќе бидат слушнати, видени и прифатени. И токму тогаш се случуваат трансформации – не затоа што светот се сменил, туку затоа што тие се смениле одвнатре.
А вие?
Кога ќе направите пауза, кога ќе се повлечете од гласниот свет, кога ќе му дадете на телото одмор, а на умот тишина – тогаш почнува да се раѓа вистинскиот мир.
И верувајте ми, тој не е луксуз. Тој е ваша природна состојба. Само треба да се вратите дома – во себе.
Љубов и светлина,
Билјана Пешева – wellness coach, инструктор по јога и тренер
п.с во Септември одиме на Wellness & Јога активен одмор! Ајде со нас, прочитај ТУКА повеќе!