Моментално празен: 0ден
Блог
ТРИ ДНЕВЕН ПРЕДИЗВИК ЗА ДЕТОКС НА ТВОЈОТ УМ СО БИЛЈАНА ПЕШЕВА

Сакам да Ве прашам, ДАЛИ УСПЕАВТЕ на почетокот на оваа нова година, да ја намалите напнатоста и немирот и да се смирите?
Дали добро се справувате со малите (и големите) стресови кои животот Ви ги носи?
Дали сакате да добиете појасно чувство за тоа кои сте, што ве кочи и што всушност сакате во вашиот живот?
Сите сме слушнале за моќта на медитацијата. Но дали знаете дека со редовно медитирање може да ги подобрите менталните функциии, да ги намалите стресот, напнатоста, депресијата и анкциозноста.
Дали знаевте дека преку редовна медитација може да го намалите интензитетот на вашите мисли, да ги слушнете мислите кои се ројат и течат непрекинато во вашиот ум (свесно и несвесно) и кои се поврзани со вашите негативни чувства – кои пак на крајот, влијаат врз хемијата во вашето физичко тело?
Отука Ве поканувам да се приклучете на ТРИ ДНЕВНИОТ ПРЕДИЗВИК и да практикувате медитација со мене, за да го најдете одговорот кој го барате во себе!
Медитациите ќе ги водам преку ZOOM и FB во живо на 22,23,24 Јануари 2021
КЛИКНЕТЕ НА ЛИНКОТ И ПРИЈАВЕТЕ СЕ а како СПЕЦИЈАЛЕН ПОКЛОН ЗА СИТЕ ВАС љубители на здравиот начин на живот и јогата, Ви ги поклонувам снимените медитации, кои ги работев во живо, со група од триесетина ентузијасти преку Зум. Токму поради големиот успех и трансформација која ја доживеаа практикантите Ви подарувам две од нив.
Се што треба да направите е да го оставите вашиот маил, тука по што ќе ги добиете снимените медитации.
Со љубов, Билјана Пешева