Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Повик од Космичката Мајка: Вечер на поврзување и исцелување

  • 10 Јул, 2025
  • Com 0

🌸 Работилница на 30 август во Соње

Во периодот кога природата полека се свртува кон есен, кога деновите стануваат потивки, а нашите срца посакуваат повеќе длабочина, се случува нешто свето – повик од Големата Мајка, архетипот на љубовта, негувањето и внатрешната сила.

Во тој дух, со голема љубов ве поканувам на работилница во сабота, 30 август, од 17:00 до 20:00 часот во Долно Соње – посветена токму на таа енергија: љубовта која нè родила и љубовта која лекува.

Зошто Космичката Мајка?

Во многу духовни традиции, особено во нашата православна култура, август е месецот на Богородица – мајката која штити, благословува и ги чува срцата на сите. Таа не е само симбол на нежност, туку и на внатрешна сила, на безусловна љубов, и на можноста за внатрешно препородување.

Таа е и нашата внатрешна Мајка – делот од нас што знае да прости, да негува, да исцели и повторно да почне од почеток.


💫 Што нè очекува?

🕊️ Техниката на Филис Кристал
Ќе работиме со симболи и медитативна визуелизација за одврзување од несвесни одлуки и стари емоционални шаблони, кои нè спречуваат да љубиме целосно и ќе ни помогне да се одврземе од мајката.на нашето физичко тело и да поврземе со Космичката Мајка

🌳 Семејни Констелации (методот на Берт Хелингер)
Ќе ја истражуваме љубовта – како сила која тече низ генерации. Ќе погледнеме што нè блокира, што сака да биде исцелено и што чека да биде признато во нашите љубовни и семејни приказни.

🍞 Завршување со ритуал и колач
Во чест на старата традиција, секој учесник ќе донесе мал колач, со кој ќе ја завршиме оваа вечер во круг, симболично делејќи љубов и благодарност.


🌿 Практични информации:

📍 Локација: Долно Соње – во дворот на „куќата со Лавовите“
🕓 Време: Петок, 30 август | 17:00 – 20:00
🎟️ Цена: 1000 денари
📲 Пријава: Со порака на 070 234 740 (бројот на учесници е ограничен)


💖 За кого е оваа работилница?

  • За оние кои чувствуваат дека нешто во љубовта им недостасува

  • За оние кои сакаат да се ослободат од стари врски, болки или модели

  • За секој еден што сака да се поврзе со својата внатрешна Мајка – со местото во себе каде љубовта никогаш не заминува


Оваа работилница не е случаен настан.
Тоа е повик за Тебе.
Повик да се вратиш дома – во своето срце.
Повик од Мајката во тебе.

КЛИКНИ ТУКА И РЕГИСТРИРАЈ СЕ 

Споделете на:
Најава за јога активен одмор во Никити
Внатрешниот мир како дел од психолошкото здравје

Последни постови

Thumb
Од судбина до избор – Храброста да
11 Сеп, 2025
Thumb
Време е за ново образование во Македонија:
30 Авг, 2025
Thumb
Илинден – ден кога ја кренавме главата…
02 Авг, 2025

Категории

  • Активен одмор (32)
  • Блог (174)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се