Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Од судбина до избор – Храброста да живееме свој живот

  • 11 Сеп, 2025
  • Com 0

Во мојата работа со луѓе, постојано се среќавам со прашањето: што е тоа што ни е дадено, а што е она што можеме да го создадеме сами?

Во семејните констелации често велиме: нашите родители се нашата судбина, а нашата храброст е нашиот избор и слобода.

Родени сме во одредено семејство, со мајка и татко кои се токму такви какви што треба да бидат за нас. Родени сме во одредено тело – машко или женско, понекогаш со предизвици поврзани со здравјето или со идентитетот. Родени сме во култура со свои закони, религија, морални норми и правила на однесување.

Сето тоа е нашата судбина, или наследство кое го носиме со себе. А токму во тоа наследство често се кријат и ограничувањата, и можностите. Ако се бориме против она што ни е дадено, остануваме заробени во отпор. Ако го прифатиме, можеме да го преобразиме.


Храброста како клуч

За да можеме да се соочиме со она што било, потребна е храброст. Без храброст, љубовта, простувањето, толеранцијата и добрината се само привремени состојби. Храброста е темелот кој им дава стабилност.

Но храброста не постои без страв. Стравот од осуда, од срам, од тоа дека ќе останеме откриени и ранливи. Стравот дека ако ја покажеме светлината во себе, таа може да биде згасната.

Ако не се соочиме со тој страв, остануваме заробени во својата судбина, носејќи ја како тежок товар што нè влече надолу. Но, исто така, знаеме дека од товар – од камењата – некои луѓе умеат да изградат куќи и цркви.


Прифаќањето како лек

Многу често луѓето ми велат: „Ова не требаше да ми се случи.“ Но вистината е дека тоа се случило. Ние немаме моќ да го смениме минатото. Единственото нешто што можеме е да прифатиме дека било така – со целото чувство на неправда и болка што го носи.

Прифаќањето не значи оправдување. Тоа значи да ја прифатиме својата судбина и ударот кој таа ни го нанела. Кога со мир ќе се поклонуваме пред тоа што е, болката почнува да се растопува.

Ако ја одбиваме судбината, одбиваме и дел од себе. А кога не можеме да се прифатиме себеси, постојано ќе ни недостасува нешто и секогаш ќе ни изгледа дека не е доволно.

Но кога ќе ја прифатиме судбината, тогаш се отвора просторот за слобода – нашиот вистински избор.


Моето лично искуство

Во повеќе од 25 години работа со луѓе преку јога, семејни констелации и холистички практики, видов како прифаќањето ги менува животите. Луѓето кои имале храброст да се поклонат пред својата судбина, без оглед колку била тешка, почнувале да дишат полесно, да создаваат поинакви односи и да се чувствуваат послободни.

И јас самата сум минала низ процеси на простување и прифаќање. Знам колку е предизвикувачко да се погледне кон минатото без отпор. Но знам и дека токму таму лежи слободата.


Покана за следна работилница

Ако почувствуваш дека и ти сакаш да ја истражиш својата судбина, да се поврзеш со корените и да најдеш сила во прифаќањето – те поканувам на следната работилница со семејни констелации.

Овој пат ќе ја водам заедно со мојата колешка и пријателка Анета Начевска. Двете заедно ќе создадеме простор за длабока работа и исцелување во нашиот Клуб „Патот на Душата“.

📅 5 октомври 2025 (недела), во 12:00 часот
📍 Психолошко советувалиште „Психофокус“

👉 Бројот на учесници е ограничен, за да можеме да работиме интимно и со целосно внимание. Ако сакаш да бидеш дел, контактирај ме навреме.


Љубов и светлина,
Билјана Пешева

Споделете на:
Време е за ново образование во Македонија: образование на срцето

Последни постови

Thumb
Од судбина до избор – Храброста да
11 Сеп, 2025
Thumb
Време е за ново образование во Македонија:
30 Авг, 2025
Thumb
Илинден – ден кога ја кренавме главата…
02 Авг, 2025

Категории

  • Активен одмор (32)
  • Блог (174)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се